Top 10: Инспиративни цитати на врвните спортисти чија истрајност, борба и желба за успех ќе ве мотивираат! - Македонија Денес

Top 10: Инспиративни цитати на врвните спортисти чија истрајност, борба и желба за успех ќе ве мотивираат!

Опомена!!!

Понекогаш за постигнување на големи работи во животот доволно е да не мотивираат зборовите на неколку мудри и успешни луѓе. Кога се работи за истрајност, борба и успех, најдобар пример за тоа се спортистите. Нивните неверојатни постигнувања, посветеност, желба и љубов кон тоа што го прават, јасно покажува дека се се може ако се сака.

Навистина, се може да има потполна смисла доколку вистински се верува, а следните инспиративни цитати ќе ве мотивираат за постигнување на големи работи:

Мајкл Џордан (кошаркар): “Многу пати изгубив, но никогаш не отидов на натпревар со помисла и очекување дека ќе изгубам“.

Мартина Навратилова(тенисерка):„ Тој што ви кажал дека победата или поразот не се важни и дека најбитно е да се учествува, најверојатно и самиот не успеал и загубил“.

Мухамед Али (боксер): „Ја мразев секоја минута од тренингот, но кажав- Не се откажувај и цел живот ќе живееш како шампион“.

Мајкл Фелпс (пливач):„ Граници не постојат, што повеќе сонуваш, подалеку стигнуваш“.

Карл Луис (атлетичар):„Пред големите трки моите мисли се прилично едноставни, секогаш си велам на себе: Започни добро, истрчај ја секоја трка и биди опуштен. Ако трчаш релаксиран и ја насмериш својата енергија ќе победиш“.

Надја Команечи (гимнастичарка): „Трудот и макотрпната работа ги правам поедноставни, тоа е мојата тајна и затоа победувам“.

Томи Ласорда (бејзбол играч):„ Разликата помеѓу возможното и невозможното лежи во човечката одлучност“.

Ленс Амстронг (велосипедист): „Болката е привремена, откажувањето трае вечно“.

Емит Смит (рагби играч): „Можам и да изгубам и да победам, но никогаш нема да бидам поразен“.

Михаел Шумахер (формула 1 возач): „Се додека работите математички не станат невозможни, ќе продолжам да се борам“.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »