Тинејџер изумил полнач кој ја користи енергијата на вашето тело, а цената му е неочекувано евтина (видео) - Македонија Денес

Тинејџер изумил полнач кој ја користи енергијата на вашето тело, а цената му е неочекувано евтина (видео)

Опомена!!!

Естонецот Мајкл Вага (19)го дизајнирал полначот HandEnergy кој ја користи енергијата на вашето тело за да го полни мобилниот телефон или други уреди.

Батеријата се полни со едноставно вртење на раката.

HandEnergy функционира така што со придвижување на раката се активира жироскоп во уредот кој потоа произведува електрична енергија со која може да се полни батеријата во самиот полнач или е можно веднаш да се полни мобилниот телефон и другите гаџети.

полнач
Својот проект го претставил на Кикстартер каде собрал повеќе од 71 000 евра, што е над планираните 50 000.

-Со секоја ротација на раката се зголемува брзината на роторот и се произведува повеќе енергија. Просечна брзина на роторот е 5000 обрти во минута. Таа механичка енергија ја претвораме во електрична“, кажал Вага и додал дека е ова добар извор на енергија во итни случи, пишува британскиот Телеграф.

За развој му било потребно година дена, а како идеални корисници ги гледа оние кои често се далеку од извор на енергија. За да се наполни батеријата во полначот потребно е помеѓу 40 минути и еден час, а ако во исто време го полните телефонот, позабавен е за 30 отсто.
Цената на овој полнач е 100 евра.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »