Тесла купува германска фабрика! - Македонија Денес

Тесла купува германска фабрика!

Опомена!!!

Тесла во моментов има премногу нарачки за возила – можеби околу 400,000 за моделот кој допрва треба да излезе, Тесла Модел 3. За компанија која има огромна побарувачка, има потреба од производствена сила.

Во вторникот, произведувачот на електрични автомобили се обрати кон Германија за експертиза, објавувајќи дека го купува германскиот Grohmann Engineering. Германската компанија дизајнира и гради автоматизирани производствени линии. Дел од нивните продукти се роботи за склопување на делови за автомобили, телекомуникациски компании и произведувачи на делови за електроника.
tesla-model-3

CEO-то на Тесла, Елон Маск вели дека подобрувањето на перформансите и брзината на фабриката е клуч за успехот на компанијата.

“Да се стигне до иднина која овозможува самоодржлива енергија е можно само со фабрики кои имаат огромно производство” вели Тесла во една негова изјава. “Ни овозможуваат да произведуваме високо-квалитетни продукти во обемот кој ни е потребен, правејки ги достапни до целиот свет.”

И покрај значителното зголемување во достава на возила, Тесла се соочува и со огромните побарувања на новиот Модел 3, кој по цена од 35,000 долари треба да излезе на крајот од 2017. Тесла се надева да достигне рекордни 80,000 возила произведени оваа година. Компанијата цели кон производство на 500,000 возила од нивната фабрика Fremont.

Тесла вели дека со додавање на оваа нова фабрика, што се предвидува да се оствари во почетокот на 2017, ќе и овозможи на Fremont фабриката да го зголеми своето производство и квалитет притоа намалувајки ги трошоците. Ова е првата фаза од проширувањето кон напредно инжинерство, и воедно ќе донесе 1000 нови работни места во Германија во следните две години. Купувањето на оваа фабрика, чија цена не беше објавена, чека на одобрение од регулаторната комисија.

tesla-fabrika

Baird Equity Research вели дека Grohmann ќе дизајнира компоненти за напредните производствени системи на Тесла. Додаваат дека ова “надоградување” треба да ги прошири можностите за автоматско производство на EV.

Тесла изминатиот месец поднесе планови до градот Фремонт барајќи да се додадат околу 427 илјади квадратни метри кон поранешната фабрика на Тојота NUMMI. Доградбата ќе вклучува 11 нови згради и речиси дуплирање на погонот на фабриката. Компанијата очекува вработување на дополнителни 3100 лица за целосната бројка да достигне 9300.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »