Тешко заспивате? Вашиот проблем е решен! - Македонија Денес

Тешко заспивате? Вашиот проблем е решен!

Опомена!!!

Спиењето е неопходно за нашето преживување заедно со храната и водата, а клучот за здрав живот е спиењето барем седум часа. Многу од нас сонуваат за добро преспиена вечер, а тоа се случува поради касното заспивање или лошо спиење. Покрај веќе познатото„не внесувај кофеин навечер“ и „вежбај пред спиење“, ние наведовме пет, не толку познати, но сепак научно докажани начини кои ќе ви помогнат да добиете што побрз и помирен сон.

1.Отворете прозорец

заспивате

Не е тајна дека лошиот душек и партнер кој  ‘рчи можат да ни предизвикаат непроспиена вечер. Но слаба вентилација? „Квалитетот на воздухот е често незабележан крадец на сонот“ тврдат експерите. За среќа решението може да биде толку лесно колку отворањето на прозорец или врата. Докажано е дека доколку го избркате насобраниот јаглероддиоксидод воздухот, кој е ништо друго освен непријател на човекот и неговиот сон, ќе спиете поквалитетно и ќе имате повеќе енергија во текот на наредниот ден.

2.Пуштете го миленичето внатре

заспивате

Можеби имате слушнато дека милениците не треба да ја посетуваат често вашата спална соба, но неодамнешна студија го докажа спротивното. Научниците од клиниката Мајо го истражуваа спиењето на 40 возрасни луѓе со нивните кучиња во времетраење од седум ноќи и заклучија дека луѓето со кучиња во нивните соби имаат поквалитетен сон од оние кои спијат без нив.

„Многу луѓе наоѓаат комфорт во чувството на сигурност што милениците им го даваат додека спијат со нив.“Сепак, кучињата треба да бидат во спалната соба, а не во креветот. Луѓето кои ги чуваат милениците под јорган го жртвуваат квалитетот на нивниот сон.

3.Имајте причина за да се разбудите наутро

заспивате

Живеењето осмислен живот има многу здравствени придобивки, од зацврстување на имуниот систем до намалувањето на ризикот од удар.

Не сте сигурни како би го постигнале тоа? Почнете од мудро поставување на вашите цели. Докажано е дека посветеноста кон семејството и пријателите, како и учеството во социјални и политички активности доведуваат до животна сатисфакција за разлика од целењето кон успех во кариерата и материјалните придобивки.

4.Јадете апетисани

заспивате

За да спиете подобро обидете се да внесете апетисани во вашата дневна исхрана. Освен што ќе се снабдите со хранливи материи (како магнезиум и селен), ќе ја подобрите и функцијата на мозокот поврзана со спиењето.Некои апетисани ги стимулираат брановите поврзани со спиењето, на пр. се смета дека кикиритките се одговорни за длабокиот сон, ф’стците се поврзуваат со состојбата на ментален препород за време на спиењето итн.

5.Затемнете пред спиење

заспивате

Истражувањата покажале дека луѓето кои ја затемнувале просторијата три часа пред спиење во времетраење од три недели, за 58% го зголемиле мелатонинот, хормон кој му сигнализира на телото дека е време за одмор. На овој начин се подготвуваме да заспиеме побрзо, да спиеме поквалитетно и дури и да го продолжиме времетраењето на сонот.

Валентина Петрушева 

Совети за здрав живот

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »