Терористичката организација се заканува: Исис со крвава фотографија од Меси ги најави нападите за време на СП! (ФОТО) - Македонија Денес

Терористичката организација се заканува: Исис со крвава фотографија од Меси ги најави нападите за време на СП! (ФОТО)

Опомена!!!

Терористичката организација Исламска држава (ИСИС) на својот официјален канал постави прилично болна фотографија на која се наЈде ликот на ѕвездата на Барселона Лео Меси.

Терористите од ИСИС, најавија напади за време на Светското првенство кое ќе се одржи во Русија 2018 година. Акциите ги најавија со фотографија од Меси, на кого му течат крвави солзи и кој се наоѓа позади решетки. Пораката која ја оставија ги преплаши сите кои имаа за цел да отпатуваат во Русија за да го следат СП.

Набрзо ИСИС поставија и нова фотографија со логото на Мундијалот и со зборовите „чекајте не“. Исто така, најавен е и напад на московскиот стадион Лузники каде ќе се одигра финалето на 15 јули наредната година. „Непријатели на Алах од Русија, ви се колнеме дека муџахединскиот оган ќе ве запали. Само чекајте“, стои во пораката на терористичката организација.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »