Термообликувањето се враќа на голема врата(видео) - Македонија Денес

Термообликувањето се враќа на голема врата(видео)

Опомена!!!

Formech е компанија од Велика Британија која е основана 1982 година и како производител на машини за вакумно формирање или термообликување има сериозни намери да компарира на пазарот со 3D печатење.

Опомена!!!
Имено процесот со формирање по пат на вакум за прв пат е воведено во 1930-те години и ден денес сеуште е и конкурентен но и се надградува со сите техничко технолошки развојни методи, иако процесот на производство во основа останал ист.

Она што овој вид на производство на предмети преку термообликување го задржал толку долго на пазарот е што овие пионери на обликувањето произведуваат производи кои имаат голем квалитет и долговечност.

Со ова самата компанија стигнала до идеја за дизајн на компактна и мала машина за термообликување која ќе може да ја сместите во вашата работилница или работна просторија.

“Гледаме дека 3D печатењето зема се поголем дел од пазарот со кој ние работевме но и слушаме како нашите клиенти се презадоволни од квалитетот на нашите производи и бараат да се модернизираме. Тоа индустриски не е можно, пазарот не е ист, но индивидуалното работење на компании од среден и мал калибар ни даде насоки како да се инспирираме за следната генерација млади дизајнери да ги користат нашите термообликувачки машини со најнови материјали и техники. Така произлезе и идејата за мал производствен уред кој секако може по потреба да се адаптира и во поголеми индустриски машини. Но во моментов тој е омилен кај нашите клиенти и ќе излезе во серија од неколку големини.”

Голем број дизајнери кои по промовирањето на 3D принтерот го избегнуваа термообликувањето беше од причини што немаше машини од мал формат, се користеа материјали кои беа штетни за околината а и процесот беше долготраен и најчесто обемен. Новиот термооблокувачки уред е мал и по обем и по формат. Може да се користи во работна просторија каде дизајнирате затоа што веќе користи 100% еколошки чисти материјали и може за 30 секунди да произведе целина од иновација за сметка на подолготрајното 3D принтање. И она што секако е најбитно за младите иноватори и графички дизајнери од сите индустрии. Неговата цена е значително помала.

Во моментов се работи со тест компании и индивидуалци кои се презадоволни па почнаа да пристигаат и првите сериозни нарачки на новиот модел за термообликување.

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »