Тајните трикови на нашите баби: Збогувајте се со дамките од старите крпи без употреба на хемикалии - Македонија Денес

Тајните трикови на нашите баби: Збогувајте се со дамките од старите крпи без употреба на хемикалии

Опомена!!!

Често пати сите сме во ситуација кога дамките од кујнските крпи не можеме да ги отстраниме. Со помош на овој рецепт ќе ја исчистите целата нечистотија.

Кујнските крпи и се потребни на секоја домаќинка. Неопходни се во извршувањето на различни домашни работи, но со текот на времето стануваат сиви со дамки кои не може да се измијат.

Дури ниту најмоќните хемиски средства не успеваат да ги извадат тие дамки. Но за среќа на помош ни доаѓаат триковите на нашите баби.

Некои од нив се доста невообичаени. На пример, за подготовка на средство за избелување доволно ви е растително масло.

крпи

Белење на растително масло

Маслото има својство на омекнување на исушените дамки, односно – полесно се мијат. Затоа се додава за време на белењето:

Потребно ви е: голем лонец со вода (10 литри), две супени лажици сончогледово масло, 4 супени лажици белило, половина чаша било кој прашок за облека, валкани кујнски крпи.

*Белилото може да се замени со половина чаша оцет.

Постапка: Загрејте ја водата да зоврие и исклучете. Во водата додадете го маслото, а потоа додадете го белилото и прашокот. Измешајте ги сите состојки и во тој раствор натопете ги крпите. Поклопете го лонецот. Оставете водата да се излади. Потоа можете да ги извадите и исперете крпите, но уште подобро е да ги натопите во студена вода и оставете да стојат неколку часа. Резултатот ќе ве воодушеви.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »