Тајните на личната касичка прасичка на Ким Џонг Ун: Од каде и се приходите на Северна Кореја за сиот тој луксуз? - Македонија Денес

Тајните на личната касичка прасичка на Ким Џонг Ун: Од каде и се приходите на Северна Кореја за сиот тој луксуз?

Опомена!!!

Кога најмистериозниот лидер на светот Ким Џонг Ун ќе пристигне на парада, тој излегува од Мерцедес Бенц лимузина на црвениот килим.

Но прашањето е кој му го продал новиот скапоцениот автомобил на лидерот на Северна Кореја?

Наспроти меѓународните санкции, Ким Џонг Ун продолжува да ужива во богатството и наводно неодамна купил бела јахта, пијалаци и дури и опрема неопходна за да се направи луксузен скијачки центар.

 Ким Џонг Ун

Северна Кореја купила луксузни добра во вредност од 645.8 милиони долари во 2012 година, според извештајот на обединети Наци од 2014 година. Ва значи дека, доколку би ја занемариле Кина, која е најголем бизнис партнер на Северна Кореја, гледаме дека оваа земја троши повеќе на луксузни добра отколку на увоз од земјите од целиот свет, според податоците на ОН кои ги обработил Опсерваротиум на Економска Комплексност „Media Lab“.

Како држава која минатата година во март на своите граѓани им објави дека би можела да настапи општа глад и сиромаштија може да си го дозволи сито тој луксуз?

Експертите велат дека таквите купувања се направени со помош на личната сметка на Ким, пари стекнати со незаконско делување на државната управа. Имено, Северна Кореја е обвинета за злосторства како што се хакирање на банки, продажба на оружје, продажба на дрога, фалсификување на пари па дури и трафикинг на загрозени видови – што пак се сите операции за кои се верува дека се вредни стотици милиони долари.

 Ким Џонг Ун

Тие пари исто така допринесуваат на нуклеарната програма на земјата, која е неопходна за да секој обид на САД да се влијае на промената на режимот во земјата би можел да  биде одбиен, велат експертите. Тие како што сметаат голем број светски државници со оваа програма, нуклеарни тестирана и недозволени трансакции го прекршиле меѓународниот закон.

-Тие ќе продадат било што на било кого само доколку тој  тоа го плати“, вели Антони Руџерио, поранешен заменик на директорот на државна благајна на САД.

Невозможно е поединечно да се следат овие сметки, затоа што се добро скриени. Според некои истражувања Северна Кореја годишно прима некаде помеѓу 500 милиони до милијарда долари до својата незаконска заработка.

 Ким Џонг Ун

Тие пари, покрај регуларна трговија со Кина, им овозможува да го продолжат нуклеарното развивање и да уживаат во луксузот додека се под санкции, велат аналитичарите со кои разговарал Си – Ен- Ен.

-Се на крајот на краиштата се сведува на Кина“-  тврдат тие –На крајот ќе биде неопходно да се собираат податоци од кинески банки и компании кои соучествуваат во нивното избегнување на санкциите.

20 фотографии кои покажуваат дека Северна Кореја е опседната со градење на чудни и огромни згради (галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »