Таен рецепт: Како дома да направите хамбургер како од Мекдоналдс! - Македонија Денес

Таен рецепт: Како дома да направите хамбургер како од Мекдоналдс!

Опомена!!!

На сите ни недостига Мекдоналдс во Македонија. Откога се затвори пред речиси 4 години, се отворија неколку слични ресторани на Мекдоналдс, но ниту еден не го доживеа успехот на популарниот американски синџир за брза храна.

Ако сте носталгични и ви недостига вкусот на Мекдоналдс еве проверен рецепт како да направите хамбургер најсличен на нивниот. Велиме најсличен, бидејќи во рецептот ќе ги изоставиме штетните адитиви.

За 8 хамбургери/чизбургери ќе ви бидат потребни околу 350-400 денари.

Продукти:

  • Лепчиња ( ги има во пакување од 6-8 во поголемите маркети кај нас. Чинат од 70-100 денари. Може да бирате меѓу тие со сусам или без)
  • 450 грама Јунешко ( Во месарница побарајте да ви сомелат јунешки бут или јунешки врат без коска. Многу е важно месото да е чисто. Не купувајте готово мелено месо)
  • Чедар кашкавал ( Доколку сакате чизбургер, купете Чедар кашкавал пакување од 8 парчиња)
  • Кисели краставички
  • Марула или Ајсберг
  • Кромид
  • Бибер, сол и кромид во прав
  • Кечап, мајонез и сенф  (Мекдоналдс кечап може да најдете во Стокомак)

1.  Направете плескавици. Поделете го месото на 8 еднакви топчиња. Направете плескавици малку поголеми од лепчето и потрудете се да бидат што потенки. Потоа ставете ги во фрижидер околу еден час за да се замрзнат. Тоа е многу важно бидејќи при печењето нема да се смалат ниту пак да се распаднат.  Бонус: Доколку сте љубител на кромид, во смесата месо може да измешате и кромид во прав.

 

2. Направете сос. Измешајте ги кечапот со мајонез или сенф. По желба додајте кромид во прав во сосот. Нека биде по ваш вкус.

 

2. Лепчињата е најважно да се потпечат на скара. Откога ќе ги затоплите, премачкајте го долниот дел со сос и почнете да редите кисели краставички исечени на многу тенко. Потоа ставете ја и марулата или пак ајсбергот и на крај ситно сечкан на минијатурни коцкички кромид.

3. Пред да ги ставите плескавиците на печење, убаво наросете ги со бибер и сол од двете страни. Ставете ги на загреана скара ( Може и електрична скара, електрична тава, обично тавче, но без зејтин). Печете од двете страни по две минути. При крајот на печењето врз плескавиците ставете парче Чедар за да се стопи.

4. Ставете ги плескавиците во лепчето. Хамбургерите се готови и се топат во уста. Пробајте го рецептот уште вечерва!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »