Street style: како да носите шал од крзно(галерија) - Македонија Денес

Street style: како да носите шал од крзно(галерија)

Опомена!!!

Зимските ладни денови се пред нас и потребен ни е аксесоар кој ќе нè загрее, но истовремено ќе го направи нашиот стил помодерен.

Познатите street style ѕвезди оваа сезона одлучија тоа да биде шал од крзно. Шал од меко и топло крзно се најде во понудата на многу познати брендови. Овој моден додаток ви овозможува на едноставен начин да го стилизирате вашиот аутфит со само еден детаљ, кој со почетокот на студеното време, изгледа исто така многу практичен.

Ако погледнеме во историјата, ќе видиме дека многу модерни жени на почетокот на дваесеттиот век носеле парчиња од крзно за време на неделните прошетки во паркот, на приватни вечери или во театар.

Дизајнерите денес предлагаат шарени шалови со пруги од еко крзно кои можете да ги комбинирате со предимензионални џемпери, фустани, строги јакни па дури и со облека од велур.

Погледнете како street style ѕвездите носат шалови од крзно!

Носете златни работи како street style ѕвездите(галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »