Ставила кеси со вода во чевлите и го реши најголемиот проблем на милиони жени! - Македонија Денес

Ставила кеси со вода во чевлите и го реши најголемиот проблем на милиони жени!

Опомена!!!

Во животот на една жена, нема поголемо разочарување од она кога ќе ги купи најубавите чевли кои во продавница и се точни, но по првото носење тие се претвораат во агонија бидејќи премногу и ги стегаат нозете.

За среќа, луѓето на социјалните мрежи споделуваат некои практични работи кои го олеснуваат животот. Доколку чевлите ви се мали или премногу ве стегаат, се што ви е потребно се кеси за замрзнувач или за пакувања на храна. Наполнете ги со вода, добро затворете ги, ставете ги во чевлите, а потоа во замрзнувачот. Чевлите така ќе се рашират.

Најдобро е тоа да го направите во текот на ноќта, извадете ги наутро, искршете го мразот, а потоа повторете ја уште еднаш процедурата, оставите го мразот во чевлите уште еден ден и една ноќ дополнително да се прошират.

Не дозволувајте кесите да се растопат во чевлите, бидејќи така може да се навлажнат и да се оштетат. Кесите со мраз лесно ќе ги извадите и тоа е тоа.

Нема потреба да ги носите чевлите кај чевлар или да купувате спреј за ширење на кожата.

Едноставен начин да дознаете која е идеалната висина на штикли за вас

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »