Стартуваше ICE2017 INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE: Светски мирис ќе се шират низ Камник (фото) - Македонија Денес

Стартуваше ICE2017 INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE: Светски мирис ќе се шират низ Камник (фото)

Опомена!!!

Денес, 02.10.2017 година, во Винарија Камник во Скопје, стартуваш големиот кулинарски настан ICE2017 INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE кој за прв пат се одржува во Македонија.

 ICE2017

Опомена!!!
-Идејата за овој настан е на Chef Mark De Jong, кој сакаше неговите пријатели од светот да ја запознаат Македонија, Мастер Шефови да дојдат токму тука во Македонија. Пред се првата замисла и идеја беше да тие ја запознаат Македонија, да со сите сетила ја почувствуваат традицијата културата преку изворни рецепти од Македонија. Од тука се роди и идејата за ова денес, INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE 2017. Но за да направите нешто и истото да биде одлично ви  потребен тим, тука се  неговите колеги од здружението Macedonian Multiethnic Culinary Chefs-MMCC  ( Дејан Карапеев, Бобан Симоновски, Зоран Мајновски, Зоран Андоновски, Никола Мишковски и Марк Де Јонг) со цел и како главна идеја размена на искуство и нови  иновативни техники од кулинарството, изјави Александра Иливска посакувајќи им на сите присутни добредојде.

 ICE2017

Како што беше соопштено на прес конференцијата концептот на овој настан  шеф Марк  го реализираше со поддршка на организацијата “Ilumine” , а Камник Винарија храбро го прифати како еден нов предизвик да биде домаќин на овој настан кој за прв пат се одржува во Македонија, но и во регионот.

 ICE2017

Гастрономскиот фестивал ICE2017 ќе овозможи да се запознаат шест интернационални кујни, во шест посебни мастер клас обуки, и секако гала вечер. Сето ова ќе биде презентирано од шест мастер шефови, шест шефови и шест млади готвачи. Како дел од агендата, се познатите мастер шефови Ралф Менегини, Стефан Пјер, Родриго Дуранд, Ердем Дирбали, како специјални гости на шеф Марк и шеф Никола од Камник. Потоа членовите на професионалната организација на готвачи-ММЦЦ: Дејан Карапеев, Бобан Симоновски, Зоран Мајновски, Зоран Андоновски, Никола Мишковски и Марк Де Јонг.

 ICE2017

За успехот на овој настан потребни се и партнери. Како главен партнер на овој настан е Винарија Камник, за да се оддржи и реализира овој настан ICE Festival 2017.

Во слободно време гостите ќе имаат можност да се запознаат со убавините на Македонија, но и да ја пробаат Македонската храна.

ФОТО: Пента

Спонзори: Президент, Винарија Стоби, Екстра Фунди и Илумине.Медиумски покровители на овој настан се Сител ТВ, City Radio, Метрополис радио и порталот Македонија Денес.

Голема Благодарност до  Аустриан Палас Скопје, Скара бар,  Подпеш Охрид.

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »