Спиел со синот на подовите од јавните тоалети, а сега е милионер и го живее холивудскиот сон (видео) - Македонија Денес

Спиел со синот на подовите од јавните тоалети, а сега е милионер и го живее холивудскиот сон (видео)

Опомена!!!

Во времето кога со својот тригодишен син спиел на подот од јавниот тоалет во Сан Франциско, Крис Гарднер не можел ниту да сонува дека ќе стане милионер и дека неговата животна приказна ќе биде овековечена во холивудски филм.

Во осумдесеттите години Гарднер, кој тогаш имал 27 години, и неговиот малечок син, година дена немале кров над глава. Во брокерска компанија во која е примен на пракса имал толку мали примања што не можел да собере пари за депозит неопходен за да изнајми стан, па спиеле каде ќе стигнат.

Освен во јавен тоалет на железничка станица, спиеле по паркови, во црковни прифатилишта, или под неговата работна маса на работа, откако сите вработени би си заминале дома.

Се хранеле со храна од јавни кујни, а од малкуте пари кои ги имал плаќал за градинката на синот, за да може да оди на работа.
Наспроти тешкотиите, Крис бил многу успешен на работа, па компанијата “Din Viter Rejnolds” (DVR) му понудила постојно вработување.

Конечно можел да изнајми стан, а неговата кариера експлозивно напредувала, така што во 1987 година отворил сопствена инвестициона компанија „Гарднер рич“.

Крис Гарднер
Неговата приказна стигнала до Холивуд
Крис Гарднер денес има 62 години, а неговото богатство се проценува на 60 милиони долари. Патува по светот како мотивационен говорник и е спонзор на хуманитарни организации за помош на бездомниците и групи кои се борат против насилство врз жените.

Со оглед на неговото тешко детство и фактот дека бил во затвор непосредно пред да се вработи во “Din Viter Rejnolds”, не е за чудење што Холивуд се заинтересирал за неговата животна приказна. Според неговата биографија „Потрага по среќа“ снимен е истоимениот филм, кој премиерно бил прикажан во 2006 година. Вил Смит, кој во филмот го игра Гарднер, беше номиниран за Оскар за најдобра машка улога.
Наспроти тешкото детство, Гарденр вели дека ништо не би менувал во животот.

-Преживеав страдања како дете за да моите деца тоа не го доживеат. Имав пет години кога решив дека моите деца ќе знаат кој е нивниот татко. Се друго што ми се случуваше во животот е последица на моите исправни одлуки“, кажал тој за Би-Би-Си.

Роден во Милвоки (Висконсин), Гарднер никогаш не го запознал неговиот татко. Наместо тоа, растел во сиромаштија со мајка му Бети Џин и очув алкохоличар и насилник. Некое време живеел во хранителско семејство откако мајка му од очај се обидела да го убие партнерот. Наспроти се, мајка му секогаш му била инспирациј.

-Беше една од старомодните мајки кои секојдневно ти повторуваат:„Сине, можеш да работиш и бидеш се што ќе посакаш“ и јас едноставно и поверував“, јасен е тој.

По завршувањето на средното училиште, Гарднер четири години служел во Американската воена морнарица. По отпустот од војска се преселил во Сан Франциско каде продавал медицинска опрема. Клучниот настан во неговиот живот било запознавањето со човекот кој имал црвен ферари. Гарднер го прашал со што тој се занимава,а тој му кажал дека е брокер на берза.

Гарднер изразил желба и тој да се вклучи во таа работа. Кога повторно се сретнале, Боб Бриџиз му организирал разговор за обука во “Din Viter Rejnolds”. Меѓутоа, непосредно пред закажаното интервју, Гарднер бил уапсен затоа што не ги плаќал казните за паркирање. Сепак,успеал да појде на разговорот, но во облека која ја носел кога бил уапсен, патики и прслук. Благодарение на силната мотивираност и ентузијазмот ја добил работата, наспротив неугледниот изглед.

Шест години по снимањето на филмот, на Гарднер во 2012 животот уште еднаш му се сменил, кога почина неговата сопруга од рак на 55 години. Тоа го натерало да се праша дали навистина сака и по триесет успешни години се уште да работи во областа на финансии и одлучил да се работи нешто сосема поинакво.

Сфатил дека повеќе не сака да се занимава со инвестиционо банкарство и се свртел кон нешто сосема друго: мотивациони говори и пишувањето. Денес 200 дена патува по светот и зборува во полни сали во повеќе од 50 земји.

Гарднер не верува дека во теорија сите сме производ на опкружувањето во кое сме раснеле како деца.

-Според теоријата, јас требаше да станам алкохоличар, да ја тепам сопругата, го малтретирам детето, да бидам апсолутен губитник“, зборува тој и додава дека за секој од нас е пресудно да ја „прифати светлината“ за да таа може да влезе во нашите животи.

Погледнете го видеото:

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »