Совети од нашите баби: Како да се заштитите од уроци - Македонија Денес

Совети од нашите баби: Како да се заштитите од уроци

Опомена!!!

Уроците се најопасни кога злобен поглед пропратен со зборови на восхитување и чудење. Тогаш, се верува, помагаат молитва и зборови. Прочитајте, според народното верување што ве штити од уроци.

Зли очи

Се верувало дека свесното урочување е реткост и такво нешто можат да направат само претерано лоши, злобни луѓе. Урочувачот најчесто не бил ни свесен за злото кое го нанесува. Злите очи ги добил со самото раѓање, но и покасно, со стекнување на несреќни околности.

Бог да те чува

Моќта на урочување им се препишува физички или психички дефекти на луѓето кои, по природа им завидуваат на нормалните и здравите. На таквото сфаќање укажува и народната изрека: Бог да те чува од злобни луѓе и завидливи жени.

uroci-i-prokletstvo

Чорапи со различна боја

Во некои краеви ширум земјава обичај е на мали деца да им се облекуваат чорапи со различна боја или пак едниот чорап им се облекува како треба, а другиот обратно. Се претпоставувало дека првиот поглед на злите очи ќе падне токму на нив, па детето така ќе биде поштедено од тој прв, најопасен удар.

Пу,Пу, Пу

Заштитата се состоела во спречување на уроците. Вообичаено било да се плукне на можната жртва, но често не било потребно. Некој од присутните можел да плукне три пати или пак да плукне преку рамото и на тој начин да ја спречи можната несреќа.

Crveni-konac002-620x350

Машала

Кога без размислување и злобна намера прдизвика опасност од уроци, можниот урочувач ги изговара зборовите „ да не е урок“ и „не биди уроклива“. Во Босна и Херцеговина и муслиманите и православните против уроци го користат зборот машала.

Буквата Х на својата дланка ја има само 3% на луѓе – Ако сте помеѓу нив тоа значи дека ве очекува пресврт каков што не сте можеле ниту да сонувате

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »