Сопствена мини фабрика за рециклирање пластика(видео) - Македонија Денес

Сопствена мини фабрика за рециклирање пластика(видео)

Опомена!!!

Во време кое го нарекуваме дигитална ера ние сеуште се соочуваме со недоволна едукација и свест кај човекот да рециклира па оставаме повеќе отпад отколку што на пазарот промовираме иновации за да ни го олеснат и подобрат квалитетот на живеење. 

Следната иновација е повеќе акција и апел дека ако се сака се се може. Се работи за глобална програма за создавање персонални мини фабрики за рециклрање пластика. И секако веднаш на зборот фабрика помисливте дека тоа не е за вас и дека е работа која бара голем ангажман. Напротив. Иноваторот смета дека не само што е креативна туку е и корисна затоа што она што за некого е обичен пластичен отпад за нив е потенцијален корисен предмет во домаќинството на пример.

“На самиот почеток добивав чудни прашања. Од каде пари и зошто се ова. Многумина кои го започнаа процесот не го завршија затоа што сметаа дека треба да градат или вложат многу. Но во основа ова не е буквално фабрика за рециклирање пластика иако токму тоа и го правиме.

Ние мрежно се поврзавме со колеги истомисленици и екологисти кои побаравме помош од стручни лица од машинската индустрија. Ни требаа совети како да ја рециклираме пластиката и што се може да направиме со неа. Тука добивме огромна помош. Прво најголемиот т.н. фабрички погон е обичен контејнер за бродски транспорт. Го добив бесплатно затоа што веќе е стар.

Од колега добив шредер за пластика, додека од стар индустриски погон добив греалка за производство на кабли, тоа е оној сегмент кога збирот кабли се преливаат со гумена маса која ги прави целина како и печка за обработка на метал на која не и работи едниот грејач.

И тоа е се. Во тие три машини јас рециклирам. Прво работев на класично рециклирање но сфатив дека со тоа само од еден отпад правам друг. Тогаш ги вклучив машините за греење. Со онаа за производство на кабли почнав да произведувам т.н. пластичен кабел. Не е толку еластичен како обичниот но е корисен и секако е попрактична форма на отпадна пластика отколку онаа што поминала низ шредерот. Печката ја користев за забава. Со неа добив основни калапи за работа со метал па ги исполнував со пластика која ја загревав па ладев. Тогаш решив малку повеќе систематски да му пристапан на целиот процес. Прво следеше формирање на база на податоци. Не има многумина како мене и решив да ги вмрежам во засебна софтверска програма.

Да знаеме кој што има и кому што треба. Тука по желба се вклучуваат индивидуалци, заедници но и купци.
Решив да го сортирам пластичниот отпад по боја. Добив варијации кои почнаа да привлекуваат купци. Изработив свои модели на модли од кои почнав да произведувам нови производи од пластика. Од предмети за домаќинство се до канцелариски материјал но и плочки за купатило или кујна.

Денес сме вмрежени со една цел. Да рециклираме многу повеќе а производите кои се 100% изработени од пластичен отпад сериозно наидуваат на голем пазар кај еколошко свесните граѓани. Би купиле саксија за цвеќе од рециклирана пластика или не? Одговорот не го носите само во ваше име туку и во име на генерациите после вас.

Финансиите не се огромни. Но се доволни да вложуваме во нови машини за себе или да им го подаруваме на нови потенцијални колеги. Секогаш има начин како да ги потрошиш парите. За нас најдоброто трошење е кога се зголемува капацитетот и можностите за рециклирање.”

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »