Со помош на овој уред ќе може да ги контролирате вашите сништа (видео) - Македонија Денес

Со помош на овој уред ќе може да ги контролирате вашите сништа (видео)

Опомена!!!

Уредот наречен iBand+ личи на лента за коса, а неговата улога е на луѓето да им овозможи да си ги контролираат соништата. Станува збор за уред кој ќе може да креира таканаречени луцидни сништа, односни сништа каде што луѓето се свесни дека сонуваат, но не се будат.

iBand+ детектира кога корисникот влегол во РЕМ фазата за да почне со звучна и светлосна стимулација со помош на мали ЛЕД светилки кои се наоѓаат во делот над очите. На тој начин личноста којашто го носи уредот iBand+ ќе почне да сонува таканаречени луцидни сништа.

Во текот на РЕМ фазата мускулите во нашите раце и нозе привремено се
„парализирани“, па научниците веруваат дека тоа е причината зошто луѓето не можат сами да управуваат со своите соништа. Со помош на овој магичен уред луѓето ќе можат да сонуваат што сакаат, а во соништата ќе прават сè што ќе посакаат. Цената на iBand+ изнесува 279 евра.

Погледнете како изгледа и како функционира овој уред:

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »