Со овие совети ќе бидете среќна и опуштена личност! - Македонија Денес

Со овие совети ќе бидете среќна и опуштена личност!

Опомена!!!

Животот е полн со обврски – некои имаат повеќе, некои помалку, некои ги завршуваат со задоволство, другите со мака. Поради ова сите се радуваме на слободното време. Исто така секогаш ни е жал ако слободното време не го искористиме најпаметно. Еве неколку едноставни совети како да не го пропуштите и тоа слободно време кое што го имате.

Направете план
Не мора да биде детален, доволно е да имате барем некаква слика, рамка што ќе правите во текот на денот. Не само што подобро ќе го распоредите времето и ќе направите разлика кои работи ви се корисни кои забавни, туку тој план можеби и ќе ви даде инспирација за некои нови активности.
Без стрес
Во слободното време не правете ги оние работи на кои не им место во истото. За се ќе има време и подоцна, слободното време служи за освежување на телото и духот. Исклучете го телевизорот и ограничете го користењето на интернет – или нив користете ги на поинаков начин, како пример за креативност и истражување.
Одскокнете од зоната на удобноста
Еден чекор или два надвор од рамката на секојдневието и познатото ќе ви открие нови димензии. Така што побарајте активности и искуства кои ќе внесат нова возбуда а ќе добиете една поинаква позитивна енергија за возврат. Пробајте нови рецепти. Учете нешто што одсекогаш сте го сакале, но дотогаш сте мислеле дека нема да ви оди – не знаете додека не пробате.
Волонитирајте

Волонтирајте во хуманитарни организации, народни кујни, домови за деца или засолништа за напуштени животни. Користете го слободното време со тоа што ќе помогнете барем малку некому или накратко ќе им го разубавите животот. Поминете повеќе време со вашето домашно милениче, ако го немате, можеби сега е вистинско време да набавите. Грижејќи се за некое животно не само што ќе го исполните слободното време, туку и вашиот живот ќе биде исполнет со љубов и среќа.

На овие предлози додадете свои. Нешто што вас ве опушта. Цртајте, свирете, читајте книги, слушајте музика…Имате право да го искористете слободното време точно онака како што вам ви одговара. Кога на слободното време ќе пристапите плански, тоа не значи дека сте”control freak” туку дека веќе имате забележано дека квалитено искористеното слободно време ве одмара на повеќе начини!
Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »