Со која позната дама го делите вашиот стил според хороскопот? (фото) - Македонија Денес

Со која позната дама го делите вашиот стил според хороскопот? (фото)

Опомена!!!

Датумот и времето на раѓање, односно се она што се однесува на нашиот хороскопски знак влијае врз сите аспекти во животот.

Не е важно дали  се во прашање емотивните односи и врски, професионални вештини или модата, се барем малку има врска со нашиот  хороскопски знак.  Доколку некогаш сте се прашање зошто ја сакате токму некоја одредна боја или модно парче, тогаш ви претставуваме едноставен одговор, можеби е тоа така токму поради делувањето на вашиот хороскопски знак.

Овен

Кога се зборува за модата и стилот на облекување, можеме со сигурност да кажеме дека личностите родени во знакот Овен се трендсетери. Тоа се честопати жени кои се во состојба да поставуваат модни трендови и да бидат во преден план каде и да се појават. Дамите во овој знак се лесно препознатливи по својот добар вкус, секогаш се тренди и храбро ги носат најновите модни парчиња на пазарот. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Сара Џесика Паркер, Кира Најтли, Кејт Хадсон.

Бик

Жената-Бик е најголемиот хедонист меѓу хороскопските знаци, а најголем доказ за тоа е примерот на Одри Хепберн. Сосема е доволно и самиот подзнак да е во знакот Бик или Венера да е сместена во овој знак, за овие жени да бидат икони на хедонизмот. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Џесика Алба, Кејт Бланшшет, Меган Фокс.

хороскоп

Близнаци

Близнаците се сметаат за мајстори на трансформацијата, посебно кога станува збор за стилот и модата. Тие се способни во еден момент да бидат елегантни дами, а веќе во друг да нè изненадат со нивниот изглед во некоја спортска гардероба. Исто така, умеат многу добро да ја комбинираат деловната облека и да изгледаат како баш тоа да е нивниот стил на облекување. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Хајди Клум, Анџелина Џоли, Натал Портман, Никол Кидман, Наоми Кембел.

Рак

Дамите кои се наоѓаат во овој хороскопски знак или подзнак се романтични души и вечни сонувачи. Доколку овие особини успеат да испливаат на површина преку стилот на облекување, тогаш сигурно ќе изгледаат како модни икони од педесеттите години. Прва асоцијација за типичните жени-Ракови се цветните мотиви, парчињата облека со ретро изглед и по некое романтично парче накит, кој е секогаш во преден план. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Жизел Буншен, Џесика Симпсон, Лив Тајлер.

Лав

Ако зборуваме за кралици на гламурот, за жени кои и во сосема обична пригода наоѓаат начин како да го истакнат својот стил и да бидат максимално дотерани – тогаш говориме за дами кои имаат знак или подзнак Лав. Гардеробата која гордо ја носат не мора да биде раскошна или премногу нападна – доволно е да биде едноставна, како исцепкани фармерки, со некој дезен или анимал принт, кожни додатоци, сето тоа надополнето со едноставна маичка и вртоглаво високи потпетици. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Шарлиз Терон, Џенифер Лопез, Мадона.

Девица

За разлика од Лавот, жените родени во знакот Девица оставаат впечаток на совршени дами, на кои сè им е на свое место. Тие се мајстори на редот, сакаат да живеат и работат во совршено уредна средина, а кога е во прашање гардеробата, големо внимание обрнуваат тоа што го носат на себе да биде едноставно, избрано со вкус и мерка, без некои екстремни промени. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Бијонсе, Камерон Дијаз, Блејк Лајвил.

хороскоп

Вага

Вагата се смета за еден од најелегантните хороскопски знаци, дами кои во моментот кога ја напуштаат просторијата оставаат зад себе облак од парфем за да ве потсетува на нив. Вагите се посебно посветени на својот физички изглед, често се перфекционисти и сакаат да бидат видени во модните кругови. Секогаш во тренд, често модни стручњаци за сечиј изглед и модни музи и инспирација за модниот свет токму поради нивните особености. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Гвинет Палтроу, Наоми Вотс, Кејт Винслет.

Шкорпија

Жените-Шкорпии се најстрастниот знак, посебно кога станува збор за гардеробата по која точно можете да ги препознаете. Тие обожаваат да носат провокативни парчиња посебно во вечерните комбинации заради сексапилот кој го сметаат за нивна врвна особина. Составен дел од нивната сексапилна природа е флертувањето, па затоа облеката ја користат како главен адут. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Кејти Пери, Џулија Робертс, Ен Хатавеј.

Стрелец

Жените родени во знакот на Стрелецот се вечни оптимисти, со слободен дух кој посебно доаѓа до израз кога станува збор за нивниот стил на облекување (Мила Јовович). На овие жени не им се важни трендовите и она што е во моментот актуелно во светот на модата. Тие се раководат според некој сопствен стил кои го градат некаде во подоцнежните години, до кога прилично лутаат со стиловите. Најпроверена комбинација им се брендираните фармерки, патики или чизми и совршени очила за сонце, како доволен моден детаљ. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Кејти Холмс, Скарлет Јохансон, Тејлор Свифт.

Јарец

Жените-Јарци се во најмала рака авангардни, тие имаат држење како припаднички на високите елитни слоеви (Кејт Мидлтон), а гардеробата во овој случај игра споредна улога. Тие се жени кои пленат со природната убавина, кои се безусловно заљубени во класичниот и едноставен стил, а што се однесува до боите, никогаш нема да ги видите во нешто шарено затоа што тоа е премногу кич за нивниот вкус. Кога станува збор за накитот, типичните претставнички на овој знак никогаш не сакаат да претеруваат со какви било детали. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Кејт Мос, Сијена Милер.

хороскоп

Водолија

Водолиите се прекрасни жени! Тие се најчесто типови жени кои претставуваат музи за модните креатори. Ова се жени кои не се облекуваат по најнова мода и не ги пратат модните трендови бидејќи за нив тоа е минлива категорија. Тие ќе го облечат она што никогаш не би помислиле да го облечете, како тренерки и чевли, елегантни чевли и дебели чорапи и слични комбинации заради кои сите ги гледаат како да се од некој паралелен свет, но со текот на времето почнуваат да ги диктираат тие луди модни комбинации. Имаат неверојатна моќ да ги предвидуваат модните трендови за претстојниот период, па затоа типичните претставници на Водолиите се одлични модни советници за тоа што може да биде модерно во блиска иднина. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Алиша Киз, Џенифер Анистон.

Риби

Рибите се прилично сензуални дами, вечни сонувачи кои својата природа вешто ја изразуваат преку гардеробата која ја носат. Овие сакаат лесна, лелеава облека, светкави парчиња во сина, светлозелена, виолетова и тиркизна боја, кои совршено им одговараат. Често жените-Риби ја користат секоја прилика за да облечат свечен фустан или здолниште пред панталоните, кои не им се омилено парче облека. Фетиш на типичните Риби се високите потпетици. Имаат бесконечен број чевли во својот орман, кои ги комбинираат со хулахопки во различни бои и дезени. Овие жени знаат да се трансформираат со помош на облеката, соодветно на пригодата за која се подготвуваат. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Ријана, Ева Лонгорија и многу други.

30 плисирани здолништа за есен(галерија)

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »