Снимка од која мрзне крвта: Вака изгледа прошетка по најсмртоносната патека на светот (видео) - Македонија Денес

Снимка од која мрзне крвта: Вака изгледа прошетка по најсмртоносната патека на светот (видео)

Опомена!!!

Снимка на кинеската планина Маунт Хуа едноставно одзема здив. Нејзината импозантна висина не е единственото нешто што ги привлекува илјадниците туристи секоја година. Оваа планина со висина околу 2160 метри во провинцијата Шанкси е вистинско место за оние кои сакаат авантури.  

Неа ја опкружуваат бројни древни плочи со помош на кои туристите се искачуваат на самиот врв, а од самиот поглед кон провалијата ве лазат морници.

Оваа патека се смета за „најопасна“ на светот и само еден погрешен потег би можел да ве чини живот.

Овој пат го користеле и монасите, стотици години наназад, за да дојдат до религиски храмови. Денес, оваа патека е вистинска атракција за туристите кои сакаат добро селфи или авантура, додека има и оние религиозни кои ги следат чекорите на монасите.

Според податоците на УНЕСКО на ова место се наоѓаат дури 300 камени табли и 7500 духовни ракописи, кои датираат уште пред 1000 години.

Најосамената куќа на светот крие приказна достојна за бајка (галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »