Словенечки бисер: Ова е највкусната крем- пита која некогаш сте ја пробале!(рецепт) - Македонија Денес

Словенечки бисер: Ова е највкусната крем- пита која некогаш сте ја пробале!(рецепт)

Опомена!!!

Лиснато тесто, убав жолт крем од јајца и шлаг. И најкремавиот колач од јајца може да стане уште покремав ако му додадете слој од слатка павлака и потоа го поклопите со крцкава кора. Прсти да излижете! Не е ни чудо што оваа крем-пита е еден од најпознатите десерти на Блед.

Потребни состојки:

За кремот

  • 7 јајца
  • 350 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 220 грама брашно
  • 1,5 литри млеко
  • 500 милилитри слатка павлака
  • сок од 1 лимон
  • 3 лажици рум

крем пита

За наросување

  • шеќер во прав

Приготвување:

  • Пригответе кори за крем-питата или измесете лиснато тесто, испечете го во рерна, па оставете го целосно да се излади и пресечете го на половина.
  • Раздвојте ги белките од жолчките, па во жолчките ставете половина од вкупниот шеќер (175 грама).
  • Во друг сад изматете ги белките, па при крајот на матењето полека додајте го остатокот од шеќерот (175 грама).
  • Изматете ги жолчките со шеќерот, ванилиниот шеќер, румот и лимоновиот сок.
  • Додајте брашно и околу 200 милилитри од вкупната количина млеко.
  • Во подлабок сад, ставете го да зоврие остатокот од млекото, па тргнете го од оган и со постојано мешање, истурете го во смесата со жолчките.
  • Вратете ја смесата на ригнал и загревајте ја околу 10 минути, со постојано мешање за да добиете густ, сладок крем.
  • Во врелиот крем внимателно изматете ги белките.
  • Ставете ја кората во подлабок плех за печење, па врз неа истурете го топлиот крем, израмнете и оставете потполно да се излади.
  • На изладениот крем, додајте изматена слатка павлака, рамномерно размачкајте ја и прекријте ја со другата кора за крем- пита што сте ја исечкале на парчиња.
  • Со остар нож пресечете ја крем- питата и наросете ја со шеќер во прав.
Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »