Слика прво била продадена за милион и пол долари, па самата се уништила: Вакво нешто светот досега не видел! (видео) - Македонија Денес

Слика прво била продадена за милион и пол долари, па самата се уништила: Вакво нешто светот досега не видел! (видео)

Опомена!!!

Контроверзниот уметник Бенкси со помош на скриена машина за уништување на хартија ја уништил сопствената слика на аукција за време на која е продадена за милиони пол долари.

Копија на познатиот мурал на Бенкси „Девојка со балонот“ била продадена во аукциската куќа Сотби, но што падна чеканот кој означува дека сликата е продадена уметничкото дело започнало самото да се уништува со помош на скриената машина, што предизвика виден шок кај купувачите и сите присутни.

Бенкси, чиј идентитет и изглед до денес се непознати, е познат по улични мурали кои критикуваат војна и материјалистичка култура, па така и овој потег требало да ја критикува бесмисленоста на астрономските цени на уметничките дела.

Иронично, делото на Бенкси и искинато ќе досегне вредност можеби и поголема од оригиналната, со оглед на тоа дека тоа сега е прво дело кое само од себе се уништило на крајот од аукција.

 

View this post on Instagram

 

. “The urge to destroy is also a creative urge” – Picasso

A post shared by Banksy (@banksy) on

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »