Славната француска актерка Сара Бернар во тримесечна посета на Битола (фото) - Македонија Денес

Славната француска актерка Сара Бернар во тримесечна посета на Битола (фото)

Опомена!!!

Има неколку верзии околу тоа кога точно и колку време славната француска актерка Сара Бернар [1844 – 1923] ја посетила Битола за време на Првата светска војна но според документите кои ги заведиле француските воени власти кои тогаш војувале на Солунскиот фронт таа на нејзино барање по турнејата посети низ САД само неколку години по ампутирањето на левата нога на возраст од 73 години во инвалидска количка пристигнува со брод од Франција прво на солунското пристаниште па во Битола во 1917 година.

 Сара Бернар

Француската артистка Бербар била позната по исклучително убавиот глас и дарба. Нејзината глума одбележа цела една епоха. Главни нејзини улоги се Корелија во “Кралот Лир”, кралицатаво “Руј Блаз”, “Дамата со камелии”, “Хамлет”, “Тоска” и ред другиа во Битола и битолско иако се смета дека била краток период од само неколку дена па дури и едно деноноќие, сепак според податоци на воениот музеј во Париз, таа останала цели три месеци при што прво ги посетила болницата во Битола па домовите за болни деца и деца без родители или чии родители биле убиени за време на војната пред кои пеела и секогаш изведувала по некоја точка од нејзиниот драмски опус.

Добар дел од времето од својот престој во Битола за време на Првата светска војна посветила во посета на француските војници кои војувале на Солунскиот фрон забавувајќи ги со свои настапи што го сметала како најмал гест на човечност што може некој од нејзината професија да го направи за подигање на моралот и расположението кај војниците.

 Сара Бернар

Сара Бернар настапила и во театарот во Битола пред битолчани со свој реперторар во скратена форма, бидејќи сакала да му оддаде посебно признание на Битола кој во тоа време во Европа уште бил познат и како Мал Париз на Балканот.

Инаку културниот живот во градот во овој период бил од второстепено значење. Претежно културните манифестации се одвиваат преку патроните празници на основните школи и четирите средни школи кои тогаш ги има во Битола: Гимназијата, Економското и Земјоделското школо и Богословијата.

 Сара Бернар

Во овие школи се формираа организациони никулци и авангардни ликови кои заедно со работниците го формираат идниот прогресивен живот во Битола. Забавно културниот живот се одвивал преку повремени концерти, излети во околината на градот и на Пелистер, потоа свадби од поширок церемонијал, слави и повремено гостување на Скопскиот државен театар.

Театарот во Битола своите ангажмани и гостувања на своите колеги ги одржувал во постоечката зграда на Градскиот театар која е изградена од 1894 до 1900 година. Првобитно театарот служел како сцена и арена со соодветни ложи за посетителите.

Во редот на забавниот и културниот живот биле застапени градските кафани со летни бавчи и шеталиштата. Сите овие места истовремено биле и модн ревијални центри каде доаѓал до израз познатиот вкус на битолчанки за елегантна и современа облека под директно креаторско влијание на Париз.

Контаверзните информации говорат дека постои можност Сара Бернар да не настапила точно во објектот од театарот од Битола како постои верзија дека истиот токму вечерта која таа сакала да им ја намени на битолчани градот бил бомбардиран по што не е наведена локацијата каде е одржан настапот на Сара Бернар но стои фактот дека битолчани имале можност да уживаат во аранжманот кој таа го поготвила за нив.

 Сара Бернар

Постои и легенда дека Сара Бернар била прилично вознемирена од она што го видела во градот кој требало да е минијатурна верзија на Париз за кој слушала само зборови на пофалба но и по фронтовите и дека при еден настап наменет за француската војска ужасната од безмилоста на војната има дилема дали да започне да ги забавува војниците уморни од претходниот ден војување или преку текст од некоја претстава да ги изрази своите лични чувства.

Приказната добива во драматичност кога Сара Бернар го изговара монологот на Шекспировиот Хамлет со што преку него сака во преден план да ја стави уметноста, обесмислувајќи ги самоуништувањата и разорувањата.

 Сара Бернар

Оваа приказна е доволен повод во 2011 година да се сними и краткометражно филмско остварување во времетраење од 12 минути и 40 секунди во македонска продукција насловено како “Митот за Сара” во која познатата Бернар ја игра доајенот на Битолскиот народен театар, актерката Јоана Поповска.

Митот за Бернар сепак крие и уште една тајна. Дали таа во поодминати години во Битола ја бара и долгогодишната љубов во ликот на извесен генерал кој командувал со француските војски, но тоа очигледно ќе остане уште една непозната во “равенката” Сара Бернар.

Автор: С.Н. 

Нушиќ во Битола ја нашол жената на својот живот, но и постојано ја користел можноста да направи “комедија” од секојдневието меѓу битолчани

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »