"Силиконската Долина" од заборавена парцела, до место каде најголемите компании ги градат своите бизнис центри! Како ова место стана најиновативно и најбогато во светот? (видео) - Македонија Денес

“Силиконската Долина” од заборавена парцела, до место каде најголемите компании ги градат своите бизнис центри! Како ова место стана најиновативно и најбогато во светот? (видео)

Опомена!!!

Најголемите компании на едно место кое вреди неброени милијарди долари!

Секое утро и вечер, цела флота на бели автобуси се пробива низ сообраќајниот метеж низ Сан Франциско. Автобусите немаат било какви ознаки, немаат ни знаци по која линија патуваат, но сеедно, сите знаеме каде одат овие автобуси.

“Транспортираат различен тип на луѓе, заедница на посебни луѓе,” своевремено за Гардијан изјави Dave Whitaker.

Тие бели автобуси ги возат вработените во Apple, Facebook, Google и останатите технолошки компании кои се сместени во Силициумската долина. Автобусите транспортираат технолошка елита и само технолошка елита. Силициумската долина денес вреди неброени милијарди долари, но тоа не било одсекогаш така.

Според Business Insider, аеродромот му помогнал на Сан Франциско да стане седиште на телеграфската и радио индустријата.

Уште во 1909 година San Jose стана дом на една од првите радио станици а во 1933 година, воената морнарница купила неколку за да може да го смести “USS Macon”. Станува збор за цепелин кој своевремено можел да пренесе неколку авиони и со тоа станал првиот воздушен носач на авиони.  Moffet така стана вистинско седиште за раната американска авио-индустрија. Кон крајот на триесеттите години на минатиот век бил основан Истражувачкиот центар Амес каде во 1949 година бил изграден најголемиот воздушен тунел во светот.

William Hewlett и Dave Packard го основале “Hewlett-Packard” во Пало Алто, а во текот на Втората светска војна изработувале радари и ја развиле артилеријата. Следниот век William Shockley, заедно со соработниците ги измислил транзисторите што довело до вистинска револуција во сметководството.

Во 1956 година Shockley го напуштил “Bell Labs” каде работел и ги смислил транзиторите, и ја основал сопствената компанија – “Shockley Semiconductor Labs”. Само година дена подоцна осум работници од неговата компанија “Shockley Semiconductor Labs” си заминале поради неговото однесување, за возврат ги нарекол “Предавничка осумка” по што потоа ја основале “Fairchild Semiconductor”. Подоцна и некои други “предавници” ја напуштиле компанијата и основале сопствени компании, а меѓу нив биле основачите на “IntelGordon Moore и Robert Noyce.

Вработените на сите овие компании подоцна основале познати имиња од информатичката индустрија како “AMD” и “Nvidie”.

Во 1971 година новинарот Dan Hoefler имал серија извештаи за информатичката индустрија наречна Силициумска долина, па така настанало името.

Во седумдесетите години, компаниите како Atari, Apple и Oracle се основани на ова подрачје. Во осумдесетите Силициумска долина стана широко прифатен центар на компјутерската индустрија. EBay, Yahoo, PayPal и Google се само некои од компаниите основани на ова тло во декот на деведесетите години. На нив им се придружија Facebook, Twitter, Uber и Tesla во наредната деценија.

Растот на технолошката индустрија во овој центар продолжува и ден денес.

 

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »