Што значи кога момците ќе ви кажат дека сте премногу добри за нив? - Македонија Денес

Што значи кога момците ќе ви кажат дека сте премногу добри за нив?

Опомена!!!

Сте излегле со него на состанок , многу ви се допаѓа и сте поминале неколку дена заедно.

По некое време, кога ќе одлучите да разговарате со него и да дознаете каква е иднината на вашата врска, тогаш до вас стигнува одговорот: ” Не сум сигурен, премногу си добра за мене, јас не те заслужувам”

Морате да признаете дека ова воопшто не звучи романтично. Ова е исто како шлаканица, бидејќи ако некого навистина сакате, ќе направите сé што е потребно за да го задржите. Многу мажи редовно ја користат оваа фраза, и поради некоја причина ја земаат како нешто позитивно и нешто непријатно во исто време.

Но, зошто мажите велат дека сте премногу добри за нив и дека не ве заслужуваат? Зошто тие не се доволно добри за вас? Зошто не направат нешто за да стигнат до вашето ниво? Кога некој ќе ви понуди нешто над просекот, сигурно ќе го земете без никакво двоумење, па зошто ова исто правило не важи и во љубовта? Зошто толку се плашиме од врската и давање на некој сé што имаме?

Мажите најчесто го користат овој изговор за полесно да излезат од врската, да избегаат и да ги сокријат сопствените грешки. Кога еден маж на почетокот на врската ви кажува дека не ве заслужува, тој сака да избега. Вистина е дека сите во нашиот живот се бориме за она што навистина го сакаме.

Кога момците не сакаат да започнат врска, причината може да биде поврзана со нивната несигурност и недостатоци, но тоа може да биде поврзано и со нивната потреба да играат игри, што е погрешно. Таквите луѓе го избираат најлесниот начин и им зборуваат на девојките дека се премногу добри за нив, за да не ги повредат на некој начин.

Ако еден маж вели дека тој не е доволно добар за вас, тогаш не размислувајте за тоа што се крие зад оваа порака и кое е значењето на истата. Ова е јасен знак дека заслужувате многу подобар партнер и не морате да губите време на луѓе кои не знаат да ве ценат.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »