Што влијае и како до поголема плата?! - Македонија Денес

Што влијае и како до поголема плата?!

Опомена!!!

Долго се веруваше дека убавите луѓе заработуваат повеќе од оние со просечен изглед, но студијата од Лондонската школа за економија и Универзитетот во Масачусетс, тврди поинаку.

Убавината нема влијание на платата, истакнуваат научниците кои заклучуваат дека најмногу заработуваат здравите, интелигентните, екстровертните и совесните поединци. Исто така, повеќе се ценат оние кои помалку се невротични.

Истражувањето покажува дека и потеклото влијае на заработката. Па така луѓето кои имаат сиромашно потекло помалку заработуваат затоа што не се склони да побараат зголемување на платата, имаат помал пристап до работни места, самите себе си, се саботираат и ги исклучуваат можностите за напредување затоа што се плашат дека нема да се вклопат.

Како што предупредуваат научниците, дискриминацијата, дали случајна или намерна, врз основа на критериумите кои не се поврзани со продуктивноста, ја намалува ефикасноста на организацијата и на долг рок.

Барате зголемување на платата? Ние ви подготвивме 4 совети кои ќе ви помогнат!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »