Што вашата лева рака зборува за вас? Должината на домалиот прст во однос на показалецот открива многу! (фото) - Македонија Денес

Што вашата лева рака зборува за вас? Должината на домалиот прст во однос на показалецот открива многу! (фото)

Опомена!!!

Анализите на личноста кои се темелат на физички особености не се реткост, верувале вие во нив или не. Голем број од нив влечат корени од  минатото, а една од најпопуларните анализи  е и анализата врз основ на должината на домалиот прст  показалецот.

Експертите за ваквите анализи сметаат дека би требало малку подлабоко да се погледнете себе си затоа што тоа може да ве насочи кон животот кој во целост ќе ве исполнува.

Погледнете ја својата лева рака, воочете ја должината на домалиот прст во однос на показалецот и прочитајте што таа открива за самата суштина на вашата личност:

домалиот

Тип А – Домалиот прст е подолг од показалецот

Сакате да ризикувате и тоа секогаш ви се исплати. Имате неодолив шарм на кој припадниците на спротивниот пол не може да му одолеат.  Знаете што сакате и ќе се потрудите да ги остварите своите цели без оглед на се, а вашата амбициозност многумина погрешно ќе ја наречат агресивна.

Идеална работа за постигнување успех и лично остварување : маркетинг, трговија, сите работни места кои вклучуваат директен контакт со луѓе.

домалиот

Тип Б – домалиот прст покус од показалецот

Обожувате предизвици. Самоуверени сте, ништо  не ве плаши, родени сте за лидер. Во стресни ситуации сакате да преземате контрола во свои раце и да го најдете проблемот кој е пред вас. Снаодливи сте и токму поради тоа пријателите секогаш ви бараат помош кога им е потребен добар совет.

Идеална работа за постигнување успех и лично остварување: професор или политичар.

домалиот

Тип Ц – Домалиот прст и показалецот се со иста должина

Смирени сте и чувствителни. Вие сте емпатична личност која сочувствува со проблемите на другите луѓе и токму затоа многумина ви ги доверуваат најдлабоките тајни, понекогаш тоа го прават дури и луѓе кои воопшто ен ги познавате. Со вашата топлина на сите им влевате самодоверба, а вие сте несреќни кога не можете да му помогнете на некој.

Идеална работа за постигнување успех и лично остварување: медицинска сестра, социјален работник, психотерапевт.

 

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »