Што се случува со работите кои ќе ги заборавите во авион? - Македонија Денес

Што се случува со работите кои ќе ги заборавите во авион?

Опомена!!!

Малку е познат фактот дека за разлика од багажот авио – компанија не одговара за вашиот рачен багаж.

Систем за враќање на изгубените предмети зависи од компанија до компанија, но во најголем број случаи треба да пријавите што сте изгубиле преку телефонски повик или преку интернетот. Доколку компанијата го пронајде тој предмет ќе морате да го докажете идентитетот со лична карта и авионски билет.

Некои авио – компании ви дозволуваат самите да го побарате изгубениот предмет во нивната база. на Хитро и уште некои британски аеродроми изгубените работи во сите авиони одат во заедничка база, па така патниците можат да ги пронајдат на сајтот missingx.com.

авион

Сепак, имајте на ум дека за враќањето на изгубениот предмет ќе мора да платите околу дваесет евра такса, пишува В92.

Доколку никој не се јави во следните 90 дена предметите најчесто одат на рециклажа, се донираат на хуманитарни организации, се уништуваат или одат на аукција.

Дури повеќе, во САД постои огромен магацин каде се продаваат работи  на патниците кои изгубиле цели куфери и никогаш не се јавиле да ги побараат.

Еве што патниците најчесто оставаат по нив во авион:

*iPad

*Мобилен телефон

*Перниче за врат

*Облека

*Очила за сонце

*Дигитални книги

*Камери

*Шишиња со вода

*Пасоши

*Детски играчки

авион

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »