Што му порачува кучето на сопственикот кога се оближува? - Македонија Денес

Што му порачува кучето на сопственикот кога се оближува?

Опомена!!!

Сигурно неброен број пати сте се прашале зошто вашето куче гледа во вас, а притоа без прекин  се оближува?

Досега научниците сметале дека оближувањето е механизам со кој кучињата се борат против стресот, меѓутоа, истражувачите од бразилскиот Универзитет Сао Паоло имаат поинакво мислење.

Во нивната студија дошле до заклучок дека кучињата со оближувањето всушност реагираат на нашиот израз на лицето и емоциите,, пред се кога сме лути и намуртени, пишува Пет Магазин.

куче

Истражувањето опфатило 17 здрави, возрасни кучиња на кои истражувачите им покажувале фотографии, им пуштале видео и аудио снимки на позитивни и негативни емоции кај луѓето и другите кучиња.

-Прекинувачите за оближување секогаш биле визуелни – видео снимки или фотографии и тоа секогаш оние на кои се наоѓале луѓе. И тоа лути или намуртени луѓе. Два пати почесто и повеќе се оближувале кога ќе забележале негативна емоција“, објаснила Наталија Албукерки, експерт за експериментална психологија на кучињата на Универзитетот Сао Паоло.

куче

Истражувачите веруваат дека кучињата го развиле овој механизам за време на процесот на припитомување за да подобро се разбереме и комуницираме.

И затоа, кога вашето куче следен пат упорно се оближува, насмејте му се и пружете му малку љубов.

Нема врска со умор: Ако вашето куче се проѕева, ви порачува нешто многу важно

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »