Што да облечете за матура! - Македонија Денес

Што да облечете за матура!

Опомена!!!

Се приближува матурската вечер, а вие сеуште не се одлучиле што да облечете? Пред да почнете да размислувате на таа тема, погледнете во вашиот плакар и проверете што ви недостига за совршен матурски стајлинг.

Ако не сакате да делувате премногу “скоцкано” определете се полежерна, но елегантна комбинација: едноставна бела кошула или маичка со принт под сакото, со удобни панталони со поширок крој или фармерки и патики.

Одберете блејзер или сако од лесни материјали кои не се гужваат, благо струкирани(затоа што ги истакнуваат рамената) а целокупниот стајлинг надополнете го со лептир машна!

Што се однесува до боите, знајте дека со црна, сина, сива, или црвена сигурно нема да погрешите! Одличен избор за оваа вечер може да биде и монохроматска комбинација, кошула со панталони со боја на вино со соодветни чевли од сјајна кожа.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »