Сексапилни Албанки со телото и скандалите доминираат на светската сцена, а една речиси гола танцувала во црква во Приштина (18+фото/видео) - Македонија Денес

Сексапилни Албанки со телото и скандалите доминираат на светската сцена, а една речиси гола танцувала во црква во Приштина (18+фото/видео)

Опомена!!!

Светските медиуми се полни со написите за пејачките од Косово и Албанија! Тие се успешни, сексапилни, продаваат милионски тиражи, а некои од нив немаат проблем со провокација и контроверзии за да се пробијат.

Рита Ора сосема сигурно е најпознатата во бранот млади пејачки Албанки. Родена во Приштина, но со семејството се преселила во Велика Британија.

Опомена!!!
Иако често не се враќала во родниот град, со гордост го истакнува своето балканско потекло. Како раскажала во една исповед, мајката и татко на Рита, Бесник и Вера, го напуштиле Косово кога Рита имала само една година, а нејзината сестра Елена три години. По доаѓањето во Англија, девојчињата дури ги одделиле од родителите додека не се разрешил нивниот имиграционен статус.

-Не испратија директно во сиропиталиште, мене и моја сестра, зошто нашите родители беа бегалци“, кажала Рита. На почетокот на нејзинта кариера изби скандал кога медиумите шпекулираа дека Џеј Зи токму со неа ја изневерил Бионсе. Се зборуваше и дека Бијонсе и ја посветила песната “Sorry” во која признала дека зажалила што ставила бурма на рака и му пререкла на сопругот дека ја изневерува во извесна „Беки со убава коса“.

Рита Ора е позната и по тоа што сака да се разголи, па во повеќе наврати го покажувала своето голо тело, дури и на социјалните мрежи.

На врвот на македонските и светските топ листи

Дуа Липа е најновото албанско музичко чудо.

Родена е во Лондон во 1995 година, а нејзините мајка и татко во главниот град на Обединетото Кралство дошле малку пред нејзиното раѓање. Сепак, по краток период откако Косово прогласило независност се преселила во Приштина, во која живеела две години, а тогаш поради музичката кариера се вратила во Англија.

Нејзиниот татко Дуканџи Липа, е познат пејач на албанското говорно подрачје и токму тој ја насочувал на коој начин да ја гради кариерата.

-Татко ми секогаш ми зборуваше дека мора многу да работиш за да ги оствариш своите соништа“, кажала Дуа во една прилика.

Нејзиниот најнов хит е “New rules“,а се прослави со песната “Be the one“. Во последно време е на врвот на светските, регионалните но и топ листите во Македонија.

Балканска Ријана

Ера Истрефи е косовска пејачка која во 2014 година ја разгневи јавноста во соседна Србија која разголена снимила спот за песната “E dehun” во српска православна црква „Христа спаса“ во Приштина во кој таа и уште неколку статисти полуголи танцуваат во недовршениот православен храм.

Мајката на Ера Сузана била пејачка популарна во осумдесеттите и деведесеттите, а и сестра и Нора има успешна музичка кариера и четири албуми.

Сепак, Ера убедливо е најпопуларна, а поради спотот за песната “Bonbon“ – кој на Јутјуб е прегледан повеќе од половина милијарда пати!- ја нарекле „Балканска Ријана“.

Ѕвездата на тверкувањето

Биби Рекса е родена во Њујокр , а родителите и се Албанци од Македонија. Вистинското име и е Белта. Таа го напишала еден од најголемите хитови на Ријана, песната “The Monster” која пејачката ја извела со Еминем, но пишува и за бројни други ѕвезди, вклучувајќи го и Дејвид Гета.

Позната е по песната “No Broken Hearts” со Ники Минаж, со која ја дели и склоноста за тверкување.

(фото:google)

Успешни холивудски актери кои покрај тоа што одлично глумат, имаат и неверојатни гласовни способности (видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »