Седумгодишниот YouTuber во 2018 заработил 22 милиони долари (видео) - Македонија Денес

Седумгодишниот YouTuber во 2018 заработил 22 милиони долари (видео)

Опомена!!!

Седумгодишното момче кое ги оценува детските играчки заработил во 2018 година на YouTube 22 милиони долари, најмногу од сите јутјубери, пренесе Би-Би-Си.

Магазинот Форбс објави дека малиот Рајан од каналот “Ryan Toys Review” го преткрал Џејк Паул за 500 000 долари.

Видо сними објавува речиси секој ден, а онаа во кои го рекламира големото сино јајце со своето лице од за неполни 4 дена има повеќе од 1,7 милиони прегледи.
На третото место е каналот The Dude Perfect со заработка од 20 милиони долари, пренесува Форбс.

Приходите на Рајан се дуплирале во однос на минатата година.
Кога новинарот на Еј-Би-Си го прашал зошто децата ги сакаат неговите снимки, Рајан одговорил:„Затоа што сум забавен и смешен!“:

Откако каналот во март 2015 година го отвориле неговите родители, видео снимките на Рајан се прегледани речиси 26 милиони пати, а го следат 17,3 милиони луѓе.

Во Форбс велат дека само еден од 22 милион долари доаѓа од огласите кои се прикажуваат пред видеата, додека останатите се заработени од спонзорираните постови.

Волмрт во август почнал да продава линија ексклузивни играчки и облеки „Светот на Рајан“, па тие приходи би требало следната година значително да ја зголемат заработката на момчето.

Со оглед дека се уште е малолетно дете, 15 отсто од неговите приходи одат на банкарски сметки со кои ќе располага кога ќе стане полнолетен.

Неговата сестра близначка исто така се појавува во некои видеа на поврзаниот YouTube каналот “Ryan’s Family Review”.

Даниел Миделтон, играчот на видео играта Minecraft кој ја предводеше листата во 2017 година со 16.5 милиони долари, паднал на четврто место. Додека Џејк Паул скокна од шесто на второ место, неговиот брат Логан Паул паднал на листата на Форбс на 10 позиција со 14,5 милиони долари, сепак 3 милиони повеќе од што во 2017 година.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »