Се сеќавате на Мали од „Наше маало“? Денеска изгледа вака! (фото) - Македонија Денес

Се сеќавате на Мали од „Наше маало“? Денеска изгледа вака! (фото)

Опомена!!!

Детската серија „Наше маало“ беше омилена кај младата популација во времето кога се даваше на телевизија. Сите ги паметиме главните ликови Бени, Диме, Џелјан, Атиџе и Мали кои оставија својот белег во македонската телевизиска историја.

Од 1999 година кога започна да се емитува серијата до денеска се поминати 18 години, а децата глумци веќе се возрасни. Некои од нив одбраа да продолжат да „пловат“ во актерските води, а некои одбраа сосема други професии. Меѓу оние кои во серијата беа најмлади е Мали или Владимир Петровиќ кој денеска е познат македонски актер, со улоги во култни престави како „Солун, град на духови“. Тој е дел од независниот „Театар на Навигаторот Цветко“ и вели дека себеси повеќе се пронаѓа на театарските штици отколку во филмската индустрија иако има глумено во неколку кратки филмови, како и реклами.

Во „Наше маало“ се појави на седум години, а еве како изгледа 18 години подоцна:

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »