Се продава „супермерцедесот“ на Адолф Хитлер!Еве каде се наоѓаше до сега!(видео) - Македонија Денес

Се продава „супермерцедесот“ на Адолф Хитлер!Еве каде се наоѓаше до сега!(видео)

Опомена!!!

Луксузниот мерцедес со кој Адолф Хитлер се превезувал за време на Втората светска војна низ нацистичка Германија ќе биде понудено на аукција во Аризона следниот месец. Ова возило е категоризирано како „историски најзначајниот автомобил“ кој некогаш бил понуден на јавна продажба.

Лимузината од 1939 година е една од само четирите направени „мерцедес бенц 770К гросер“ кој е познат и како „супермерцедес“.

Со мотор со волумен од 7,7 литри, способен да развиел 160 километри на час, автомобилот бил моќен пропаганден симбол на Третиот рајх во кој Хитлер често се возел стоејќи на предното седиште за време на митинг.

Категоризиран како 2историски најзначаен автомобил кој некогаш бил понуден на јавна продажба“, импозантниот кабриолет со четири врати ќе биде понуден на аукција во Скотсдејл на 17 јануари.

Возилото, кое некогаш ја имаше регистарската табличка „IA 148461“, користено е, помеѓу другото, во победеносната парада низ Берлин по победата над Франција и за посетата на Хитлер на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини.

Кон крајот на војната паднал во рацете на американските сили во Франција, кој очигледно не знаејќи за неговото потекло, го приклучиле кон нивниот возен парк. По војната кратко ви во приватна сопственост во Белгија, а потоа е префрлен во САД, во Гринвил, во Биро на ветераните во Северна Каролина. Мерцедесот бил користен во воени паради.

На почетокот на векот му бил продаден на европски колекционер, а во 2009 година на руски милијардер. Американските медиуми пишуваат дека на кауцијата би можел да досегне неколку милиони долар.

Барала автограм од Хитлер и го бакнала, а поради неговата реакција снимката долго време била забранета(видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »