Се е подготвено за Скопје Колинг- Thievery Corporation, Martin Garrix и Jax Jones доаѓаат во Македонија - Македонија Денес

Се е подготвено за Скопје Колинг- Thievery Corporation, Martin Garrix и Jax Jones доаѓаат во Македонија

Опомена!!!
Авалон продукција денеска одржаа прес за престојниот фестивал „Скопје Колинг“ кој ќе се одржи на 20-ти и 23-ти јуни.

Одличниот трипхоп состав Thievery Corporation ќе го отворат летниот музички фестивал на 20-ти јуни во Скопје. Концертот ќе се одржи на стадионот на АРМ во Градскиот парк.  Бендот е составен од 20 музичари кои секогаш приредуваат незаборавно музичко и визуелно искуство за публиката. Последен пат скопската публика имаше можност да ги чуе пред многу години, а оваа година ќе имаме реприза на нивното секогаш интересно шоу.

На 23-ти јуни на истата локација, Скопје ќе доживее вистински спектакл. Како главен хедлајнер на Скопје Колинг, доаѓа Мартин Гарикс- светскиот диџеј број 1. Се што не сте знаеле за него може да прочитате овде- https://makedonijadenes.com.mk/deset-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-martin-gariks-pred-da-odite-na-skopje-koling/

Покрај Гарикс, вечерта ќе настапат и актуелните светски диџеи Jax Jones и Alex Adair.

Авалон продукција, покрај тоа што ги носи најквалитетните имиња од светот на музиката, секогаш се труди да им даде шанса и на младите надежни македонски музичари и диџеи. Оваа година, честа да настапат пред Мартин Гарикс им припадна на Александар Галовски, наш успешен диџеј и продуцент, кој веќе го освојува светскиот пазар, како и двајцата талентирани диџеи Duoz.

На фестивалот се очекува присуство на околу 15 000 фанови, од земјава и регионот.

(Т.М)

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »