Се е подготвено за Лига Европа: Комитите се мобилизираат, Арената „Филип Втори“ ќе се тресе- Напред Вардар!! - Македонија Денес

Се е подготвено за Лига Европа: Комитите се мобилизираат, Арената „Филип Втори“ ќе се тресе- Напред Вардар!!

Опомена!!!

Македонскиот шампион Вардар вечерва од  21.05 го игра првиот историски натпревар во второто по ранг напреварување, Лига Европа.

Се очекува „црвено-црните“ да имаат огромна поддршка од трибините, а нивните фанови на чело со Комитите, се мобилизираат и најавуваат одлична атмосфера. Вечерва Арената „Филип Втори“ ќе грми, нашата гордост, македонски Вардар го пречекува руски Зенит во рамките на првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Опомена!!!

„Комитите се мобилизирани, Вулканот се активира, Скопје ќе се тресе!!“, стои на Фејсбук страницата на Комити Скопје. Инаку, за сите оние што ќе дојдат на стадионот, Вардар на својата официјална страница испрати соопштение:

„Уште само неколку часа нè делат од првиот историски натпревар во групната фаза од Лигата на Европа. Таму се најде Вардар со успешните резултати во квалификациите, пред се во плеј-офот против Фенербахче. Историјата е веќе напишана, сега останува само гордо да чекориме по патот на големите европски клубови. 

Ждрепката секаше во нашата група да се паднат тимовите на Зенит Санкт Петербург, Реал Сосиедад и Розенборг. Првиот предизвик ни е веќе утре, на Националната Арена „Филип Втори“. Ни доаѓа славниот руски тим Зенит, неколкукратен првак, гигант на својата земја, тим кој што често е во завршницата во натпреварите во Европа. 

Пордажбата на блок билети за натпреварите во Лигата на Европа заврши. Сега е на ред продажбата на поединечни карти. Веруваме дека овој натпревар е магнет за публиката, да дојде во што поголем број утре на стадионот и да му даде поддршка на Вардар со една цел – тимот да забележи добар резултат. 

Љубовта кон Вардар е голема, веруваме дека утрешниот натпревар против Зенит, ќе биде вистински празник на фудбалот. 

Уште еднаш апелираме, за да мине сè во најдобар ред, потребно е и публиката да ги исполни очекувањата и да ги почитува строгите закони и строгите правила кој ги носат овие натпревари. Апелираме за фер и коректно навивање, без извици на национализам, на расизам против било кого. Да се воздржиме до секакви скандирања кои ќе донесат несакани последици на клубот. Да го заштитиме Вардар од строгите санкции и казни на УЕФА. 

Затоа Ве молиме да дојдете порано на стадионот, да го завземете своето место на некоја од трибините. Да не носите со вас цврсти предмети, затоа што истите ќе Ви бидат одземени. За време на натпреварот да се однесувате според правилата и прописите. Да не седите на скали, туку на своето место. Со максимална поддршка да ги бодриме нашите момци во обидот да стигнат до нова домашна победа. Онака како што наликува на еден натпревар кој почнува да ја пишува Вардаровата историја.  

Дојдете на трибините на Националната Арена „Филип Втори“ и бодрете го Вардар. Сите заедно да славиме нова европска победа! Се гледаме на стадион!“

Преземено: Komiti Skopje, fkvardar.mk

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »