Самодоверба во кревет: Поважно е лицето од витката фигура! - Македонија Денес

Самодоверба во кревет: Поважно е лицето од витката фигура!

Опомена!!!

Точно е дека индексот на телесната маса негативно влијае на самодовербата во сексот, но витката фигура не ја подигнува колку атрактивното лице, тврдат научниците кои резултатите од студијата ги објавија во магазинот “Сексологија”.

Да се има убава, витка фигура е императив на модерното време, но за жените за самодовербата во сексот многу е поважно лицето отколку телото, покажува новата студија спроведена во Белгија. Точно е дека индексот на телесната маса негативно влијае на самодовербата во сексот, но витката фигура не ја подигнува колку атрактивното лице, тврдат научниците кои резултатите од студијата ги објавија во магазинот “Сексологија”.

Анализирани се 596 жени на возраст помеѓу 18 и 80 години, на кои им бил мерен индексот на телесната маса. Потоа тие пополнувале прашалник каде оценувале 19 карактеристики на својот физички изглед со оцени од 1 до 5. Покрај тоа, испитаниците одговарале на прашања за сексуалното задоволство, колку често имале секс, и какви биле нивните желби.

Во друга студија, учесниците исто така одговарале на прашања за сексот, но е мерена самодовербата поврзана со точно определни делови од телото.

Се покажало дека сексуално позадоволни биле жените кои ги сакале своите очи, уста или уши, од оние на кои им се допаѓал стомакот, бутовите или тежината.

Изненадувачки или не, востановено е дека годините, задоволството со врската и задоволството на партнерот не влијаат на уживањето на жените во сексот.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »