Само упорните можат да ги освојат жените во овој знак! - Македонија Денес

Само упорните можат да ги освојат жените во овој знак!

Опомена!!!

Тие се создадени за љубовни игри, шампионки во ексцентричност и егоизам, а огнени и секси до крајни граници.

Станува збор за жени во знакот на Лав, кои, кога еднаш ќе ги освои маж, тие се предаваат и се впуштаат во неверојатна љубовна игра.

Им треба многу внимание
Лавиците се навикнати да бидат во центарот на вниманието, и тоа им одговара, како и во животот, така и во љубовта. Тие ќе сакаат да бидат центар на вашиот свет. Тие сакаат додворување полно со возбуда и задоволство. Сепак, без оглед на тоа колку давате, можете да очекувате дека ќе ви вратат со иста мерка, бидејќи тие се великодушни и романтични во љубовта.

Кавгаџики
Поради нивната голема гордост и его, Лавиците брзо избувнуваат. Тие тешко нешто ќе простат и не толерираат непочитување. Ласкањето е единствениот начин да ги придобиете кога сакате помирување.

Тие се огнени во кревет
Сите тврдат дека Лавиците со право ја носи титулата на најдобриот љубовник, бидејќи тие се издржливи, неуморни и со силно либидо. Со нив ќе добиете сè што сакате и повеќе од тоа, бидејќи вашето задоволство за нив е на прво место. За разлика од многумина, им се допаѓа долга предигра, каде што секогаш има простор за фантастични игри.

Треба да знаете дека Лавиците сакаат самоуверени и добро расположени луѓе кои зрачат со позитивна енергија и го сакаат животот. Тие, исто така, ја сакаат слободата, да излегуваат и да се забавуваат.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »