Салфета - маса нуди необичен начин на јадење(фото/видео) - Македонија Денес

Салфета – маса нуди необичен начин на јадење(фото/видео)

Опомена!!!

Истражувајќи го феноменот на одвлекување на вниманието за време на ручек, индустрискиот дизајнер Hung Lu Chan има оригинален концепт за пријатен ручек креирајќи ја “Napkin Table”.

Неговиот дизајн го нагласува односот и интеракцијата помеѓу две личности преку држењето на производите. Салфета – масата на Hung Lu Chan е експериментален производ дизајниран со идеја да не се одвлекува вниманието поради технологијата која се повеќе влијае на заедничките оброци.

Поради фактот што дигиталните медиуми реално го загрозуваат секој оброк, луѓето се повеќе се оддалечуваат од основната комуникација како што е вниманието на пријателот кој седи со вас за време на оброкот. Затоа, преку овој проект, Chan сака да го врати вниманието на маса, и да се создаде убав начин на заедничките оброци.

Во текот на креирањето на овој производ, Chan направил три различни варијанти на салфета-масата за да креира што постабилна “маса” за секојдневна употреба. Производот е комбинација од водоотпорна ткаенина и еластичен челик кој е лесен, мал и цврст и истиот може да го споделуваат две личности во било кое време на било кое место.

 

 

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »