Салата од лубеница, млад (бебе) спанаќ, пченка, карфиол и авокадо (12+)  - Македонија Денес

Салата од лубеница, млад (бебе) спанаќ, пченка, карфиол и авокадо (12+) 

Опомена!!!

Состојки: 2 големи шољи спанаќ, 1 шоља пченка, 10 цвета карфиол, 1 авокадо, 2 шољи исецкани коцки од лубеница, 2 големи лажици маслиново масло

Подготовка
Во сад на среден оган ставете вода да зоврие. Кога ќе зоврие додадете ја пченката и карфиолот. Гответе ги 3 минути. Потоа ставете ги во сад со ладна вода. Откако ќе се изладат ставете ги во здела да се исцедат од водата.
Во стаклен сад за сервирање салата ставете ги сите намирници: спанаќот, карфиолот, авокадото, лубеницата и пченката. Зачинете со маслиново масло и убавo промешајте.

 

 

 


Следете ги нашите рецепти во групата на Нутри Бебе
https://www.facebook.com/groups/nutribebe

Следете го Нутри Бебе на Инстраграм
https://www.instagram.com/nutri_bebe/

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »