Женска итрост нема граници!Сакала нејзиниот сопруг повеќе да не пуши и му сторила нешто што не го очекувал (фото) - Македонија Денес

Женска итрост нема граници!Сакала нејзиниот сопруг повеќе да не пуши и му сторила нешто што не го очекувал (фото)

Опомена!!!

Со цел да му помогне на сопругот Ран да го остави пушењето, жената позната под презимето Зоу, не ја користела стандардната женска тактика на постојано приговарање туку сторила нешто далеку покреативно.

Таа му подарила табакера со 20 цигари, но смислила оригинален начин да му испрати порака. На цигарите таа нацртала грди, тажни, лути и чудни лица, а секое од нив имало и заканувачка порака.

-Малите животни се плашат од чадот, зарем не сакаш да ги заштитиш?

-Ова е твојата среќа, дали си сигурен дека сакаш да ја изгориш?

-Зарем ова дете не е симпатично? Имаш ли срце да го изгориш?

Ова се само некои од пораките кои биле на цигарите.

Нејзиниот сопруг  напорно работи како трговец и е под голем стрес што всушност е и главната причина поради која тој многу пушел. Зое вели дека на овој начин сакала да го мотивира сопругот да ги остави цигарите.

Откако го примил подарокот, Ран кажал дека бил трогнат  од тоа колкав труд неговата сопруга вложила во тоа.

-Ги гледам овие цртежи и навистина сум трогнат. Ако не го оставам пушењето тоа би значело дека сум ја изневерил сопругата. Од  денес им велам „не“ на цигарите.  Гордо ќе го покажувам овој подарок со кој се надевам ќе ги мотивирам моите пријатели кои сакаат да прекинат со пушење“, кажал Ран.

Кога жената е поитра од Итар Пејо: Ниту една снаа не ѝ се одмаздила вака на свекрвата

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »