Русокосите се поуспешни на работа?! - Македонија Денес

Русокосите се поуспешни на работа?!

Опомена!!!

Дури и штотуку станатите блондинки брзо се навикнуваат на придобивките од русата коса, бидејќи со неа обично доаѓа вниманието од мажите и општата перцепција.

Русокосите имаат поголема самодоверба и афинитет за секс, додека бринетите се поуспешни на работа и често имаат долготрајни врски – заклучија научниците од Универзитетот Нотингем Трент.

Психолозите работеа на студија на примерок од 200 жени со цел да го испитаат односот помеѓу бојата на косата и однесувањето.

Психологот Кетрин Салмон заклучи дека дури и “новопечените” русокоси брзо се навикнуваат на придобивките од русата коса, бидејќи со неа обично доаѓа вниманието од мажите и општата перцепција.

Затоа, тие се и посамоуверени. Од друга страна, можеби како одговор на стереотипите, бринетите работат повеќе и понапорно да го компензираат недостатокот на “специјален” третман, поради што и се поуспешни на работа- објаснува Салмон.

Студијата покажа дека црвенокосите имаат двојно поголема веројатност да го одложат одењето на стоматолог и дека им требаат 20 проценти повеќе анестезија. Се претпоставува дека тие се почувствителни на болка, бидејќи експертите велат дека генот кој ја”одредува” портокаловата коса има главна улога во тоа.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »