Ризик со среќен крај: Црногорка дала отказ во Гугл за да отвори своја фирма која денес вреди повеќе од 4 милиони евра - Македонија Денес

Ризик со среќен крај: Црногорка дала отказ во Гугл за да отвори своја фирма која денес вреди повеќе од 4 милиони евра

Опомена!!!

Двајца Загрепчан со една Црногорка и Шпанец пред три години покренале стартап за изнајмување на бродови, кој денес овозможува изнајмување 11000 различни пловила во 30 земји од светот.

Хрватска е првиот пазар во чартерот на едрилици – „скапоцен камен на едрењето“, ќе кажат познавачите, зад која се Кариби, Грција и Шпанија, сите по ред земји со побурна и поинтересна поморска историја.

Црногорка
Меѓутоа, како што пишува Јутарњи, проблемот е следен: хрватскиот пазар мнозински е традиционален и недигитализиран. За разлика од хотелско сместување, кое повеќе од 70 отсто туристи го најмуваат преку интернетот, бродовите се уште се изнајмуваат лично во некоја од бројните чартер компании. Тука на сцената стапила „Zizoo“.

Станува збор за најголема онлајн платформа за изнајмување на бродови на светот, која секој месец бележи раст на букинг од 20 отсто. Американскиот магазин “Condé Nast Traveler” го опиша “Zizoo” како “Booking.com за бродови”.

Црногорка
Туристите исто така може да резервираат пловило со комплетна посада, вклучувајќи и скипер, хостеса, готвач, па дури и дадилка, а мисијата на “Zizoo” е да го направи наемот на бродовите за одмор поедноставен како што е резервирање на хотелска соба.

Ана Баничевиќ, жителка на Виена со црногорско потекло, работејќи во „Гугл“ сфатила дека на наутичкиот пазар му недостига дигитализација. Тогаш и се јавиле идеи, па замислата му ја пренела на својот школски пријател Бенито дел Вељо, Шпанец со долгогодишна адреса во Виена.

Црногорка
Меѓутоа оваа дама и колегата инженер имале потреба од „финансиски мозок“ за создавањето на „наутичкиот џин“. Така од плажа во овој стартап „влетува“ Синан Машовиќ од Загреб, кој до тогаш финансискиот занает го изучил во „Рајфазен банка“ и „Агрокор“, од каде заминал во приватен фонд во Виена.

-Моето семејство има летниковец во Црна Гора недалеку од Ана, со која летувам повеќе од 25 години“, раскажува Синан, кој во “Zizoo” го донесе програмерот и пријателот од средно училиште Иван Милетиќ.

Црногорка
Како што вели, од секогаш е во технолошкиот свет, а работел и за компании кои соработуваат со НАСА.

-Дури кога ние четворицата го основавме “Zizoo” и самите го запознавме уживањето на едрењето. Синан и јас веќе три години заедно пловиме низ Јадранот и нема ништо поубаво од таа слобода“, кажал Иван.

Црногорка

Црногорка

Главните дестинации на наутичкиот туризам на “Zizoo” се Хрватска, со повеќе од 4000 пловила, Грција, Шпанија и Италија, а дури 50 отсто од клиентите го сочинуваат Германци и Австријци.

-Минатиот месец затворивме нова рунда на финансирањето. Од основањето постигнавме речиси четири милиони евра инвестиција. Моментално првично се насочуваме на понатамошно унапредување на производите и забрзувањето на стапката на раст. До 2020 година на целниот пазар планот на “Zizoo” е да оствари годишен приход од 450 милиони евра на сите пазари“, објаснил Синан, финансиски директор.

 

Црногорка

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »