Револуција во автомобилската индустрија: Овој електричен автомобил има 330 соларни ќелии и се полни за време на возењето (видео) - Македонија Денес

Револуција во автомобилската индустрија: Овој електричен автомобил има 330 соларни ќелии и се полни за време на возењето (видео)

Опомена!!!

Минхенска компанија „Sono motors“ направила електричен автомобил кој ја користи енергијата на сонцето. Овој автомобил наречен „sion“ има 330 соларни ќелии кои му овозможуваат да се полни за време на возењето.

Автомобилот е направен за да ја зголеми бројката на еколошките возила во Германија, а многумина од решенијата е се исклучително иновативни. Автомобилот за движење користи електрична енергија добиена од соларните ќелии, но возможно е да го „наполните“ и на „постојка“ за други електрични автомобили.

автомобил

Освен тоа, автомобилот има неверојатен систем за прочистување на воздухот – исландски мов на командната табла.

„Имаме и други работи кои овој автомобил го прават модерен. Тоа се грејачи за седиштата, клима – уред, информативен систем со кој е возможно да се поврзат мобилните телефони“ вели Лаурин Хахн, основачот на Компанијата, за Ројтерс.

Автомобилот ќе се појави на пазарот во текот на следната година, а ќе бидат направени 5000. Во случај на врнежлив ден или ноќно возење, автомобилот со полна батерија може да прејде 250 километри.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »