Рецепти од нашите баби:Неизоставна посна погача за Бадникова вечер! - Македонија Денес

Рецепти од нашите баби:Неизоставна посна погача за Бадникова вечер!

Опомена!!!

Посната погача за Бадникова вечер може да ја ставите на централно место на вашата трпеза и да ја украсите со суви сливи, кајсии и ореви.

 Состојки:

40 г свеж квасец

400 мл топла вода

1 лажица шеќер

3 лажички сол

700г брашно

50 мл и 2 лажици масло

Подготвка

Во топлата вода разматете го квасецот и шеќерот. Додадете половина од брашното, масло и сол, па добро измешајте. По тоа постепено додавајте го остакото од брашното, па продолжете да мешате се додека не стане доста густо. Кога веќе не може да се меша и би требало да се замеси, тогаш прелејте со оние 2 лажици масло, можете и 3 и малку премесете.

Оставете го така тестото покриено со крпа да стои 20 – 30 минути на топло место. Потоа извадете го тестото, малку премесете, па со рака тапкајте за да се рашири, да биде тенка лепиња. Ставете во плех со големина 30 сантима. Избоцкајте со виљушка, премачкајте со масло и оставете 20 минути да стои. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени и ставете да се пече. Печена е кога фино ќе се зацрви кората, околу 25 минути во печка, зависно од рерната. Печената погача извадете ја и „измијте“ ја, тоа значи премачкајте со малку вода, замотајте во крпа и оставете до служење.

бадникова

Бонус:

Бадникова магија на трпезата

Бадниковото лепче со паричка, риба, макало со суви пиперки, зелник….се нешта кои мора да ги има на софра за време на бадниковата вечер. Бадниковата вечера е посна ама богата, а на масата треба да се постават и благи и солени јадења. Според верувањата, богатата трпеза значи дека и годината ќе биде богата, а на трпезата треба да има непарен број на јадења.

Зелник

Состојки:

За тестото

  • 500 гр брашно
  • 1 коцка квасец
  • 60-70 мл масло за јадење
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка чеќер
  • За филот:
  • 4 страка праз
  • 2 главици кромид (поголеми)
  • 2 раце ориз
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка мешан зачин
  • 1/3 лажичка црвен пипер
  • 1 филџанче вода
  • за запржување масло за јадење

Подготовка:

  1. Квасецот се ставам со малку млака вода да стаса
  2. Брашното со сите останати состојки се става во еден сад, се додава стасаниот квасец и се замесува
  3. Без да се остава тестото да нарасне се поделува на 6 топчиња, од кои едното е со малку поголема димензија од останатите
  4. Се расукува најпрво најголемото топче со големина дупло поголема од тавчето во кое ќе се пече зелникот (тавче бр. 30)
  5. Откако ќе се рассука кората, на раце ја растегнувам кората вртејќи ја малку во воздух, да се дорастегне уште малку
  6. Кората се става во намрсеното тавче со краевите надвор од тавчето
  7. Се попрскува кората со малку масло за јадење и врз неа се става дел од филот од праз и кромид…оваа постапка се повторува и со останатите кори, но тие се со големина малку поголеми од тавчето за да може малку да се наберат кога се ставаат во него, но нивните краеви не излегуваат надвор од тавчето
  8. Врз последната 5-та кора се попрскува насекаде од филот и сето она што ке остане се става на средината врз кората и се попрскува со прстофат брашно
  9. Делот од кората кој лежи надвор од тавчето, на крајот се превртува во вид на фалти во тавчето (како што тоа јас го направив на сликата) притоа зафаќајќи дел од филот
  10. Се пече во загреана рерна на 200 С па се намалува по 5-120 мин на 180 С

Фил:

  1. На малку масло за јадење се пропржува ситно исечканиот праз и кромид
  2. Откако ќе омекне ова, се додава исчистен и измиен ориз
  3. Се зачинува филот и му се додава водата малку да се издинста зајрето и така се остава филот до испарување на целата вода.

бадникова

Бел грав без масло

За четири лица

  • – 300 г. бел грав
  • – 1 страк праз
  • – 1 средна главица кромид
  • – половина црвена пиперка
  • – половина чешне лук
  • – сол по желба

Гравот се кисне преку ноќ, потоа се зоврива во една вода која се исфрла.Потоа се налева повторно со ладна вода, и се вари.

Вака подготвен без масло, гравот, освен што е превкусен, добива дополнително здрава димензија.

бадникова

Посна сарма 

Потребни состојки:

  • 1 главица кисела зелка
  • 400 гр. ориз
  • 4 страка праз
  • црн пипер
  • суво нане
  • црвен пипер
  • 250 гр. масло

Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер и дoста суво нане. Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган. Кoга ќе бидат скоро варени сармите, додајте уште еден филџан масло.

бадникова

Макало од компири и суви пиперки

Состојки:

½ кг компири

10 суви пиперки

1 праз

2-3 чешниња лук

сол, бибер, зејтин

Ако сте љубител на луто, можете да додадете и луто пиперче или малку чили во прав

Приготвување:

Компирите се варат со лушпа, а кога ќе се сварат и ќе се оладат, се лупат и се гмечат со вилушка

  1. Се варат и суви пиперки, а потоа и тие се лупат, па се гмечат заедно со лукчето
  2. Празот се сечка ситно и се става во садот во кој претходно сте ги ставиле компирите, пиперките и лукот.
  3. Се зачинува, се става малку зејтин и убаво се меша.
  4. Послужете со црно лепче.

Витаминска салата од кисела зелка

Зависно од големината на зелката користиме пола или четвртина глава. Најдобро е кога ќе ги извадите листовите од зелката да ги поминете во една до две води. Убаво истегајте ги за да се исцеди секој вишок на течност. Исецкајте на парчиња по Ваша желба, не предолги и преголеми.
Исчистете го празот и исецкајте го на тркалца од околу 1 см.
Руколата може да се исецка и на поголеми парченца или да се искине со раце. Не ја ситнете премногу,па да се изгуби вкусот. Маслинките ставете ги цели, а доколку сакате и нив може да ги исецкате. Додадете ги овие состојки во садот со зелката.
Зачинете со оригано, ким и црн пипер, залејте со маслиново масло и се убаво измешајте.

бадникова

Полнета охридска пастрмка

Потребни со­стој­ки:

Ед­на па­стрм­ка те­шка еден ки­ло­грам

250 гра­ма кро­мид

До­ма­ти

Црн пи­пер, цр­вен пи­пер

Еден вр­зоп исеч­кан маг­до­нос

Мас­ло

2 ли­мо­на

Под­го­то­вка:

Па­стрм­ка­та се мие уба­во, се чи­сти од луш­пи­те и це­ла­та се ста­ва на пло­ча или на ска­ра да се ис­пе­че. При пе­че­ње­то се пре­ле­ва со мас­ло за ја­де­ње. Ко­га е пе­че­на, се ста­ва на шти­ца, се се­че ед­на­та стра­на по дол­жи­на од гла­ва­та кон опа­шка­та и по­тоа ри­ба­та се отво­ра. Се ва­ди ’рбет­на­та ко­ска и се чи­сти од­на­тре. По­тоа се по­со­лу­ва, се по­си­пу­ва со црн пи­пер, се пре­ле­ва со сок од ли­мон и се пол­ни со сме­са од пр­жен ком­пир со до­ма­ти, црн пи­пер, цр­вен пи­пер, исеч­кан маг­до­нос и сол.

Ко­га е на­пол­не­та, па­стрм­ка­та се за­тва­ра и се до­ве­ду­ва во пр­во­бит­на­та по­лож­ба. Се сер­ви­ра во долг­на­ве­ста чи­ни­ја, та­ка што исе­че­на­та стра­на да би­де оз­до­ла.

Македонски обичаи: Коледе и лепче со паричка

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »