'Рчењето може да го спречите со помош на тениско топче! Пробајте го ова, навистина функционира! (видео) - Македонија Денес

‘Рчењето може да го спречите со помош на тениско топче! Пробајте го ова, навистина функционира! (видео)

Опомена!!!
‘Рчењето не е само што е досадно и на домашните им оневозможувате добар и мирен сон, туку може да доведе до долготрајни спорови меѓу паровите. Партнерите ги прави нервозни затоа што неможат секоја вечер да го слушаат истото и следниот ден да бидат ненаспани.

За среќа, постои еден многу едноставен метод за спречување на ‘рчењето, базиран на идеја да му се оневозможи на оној кој ‘ рчи да спие на грб. Дури и ако во сон се обиде да се сврти на грб, тоа ќе му биде толку незгодно што брзо ќе се сврти на страна. Имено, познато е дека луѓето престануваат да ‘рчат кога спијат на страна.

Се што ви е потребно е едно тениско топче, парче ткаенина, игла и конец. Од платното направете торба во која ќе стои топчето, нешто многу едноставно. Ставете го топчето внатре а патоа зацврстете го со конец на задниот дел од горниот дел на пижамите на оној кој ‘ рчи.

Топката на грбот ќе направи да се чувствува непријатно кој и да спие на неа и така после одредено време ќе стекне навика да спие само на лева или десна страна. Кога ќе дојде време да ги перете пижамите само извлечете го конецот од торбата со топката и ставете ја на друга пижама.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »