Пушачите повеќе не се привлечни! - Македонија Денес

Пушачите повеќе не се привлечни!

Опомена!!!

Секоја втора жена не сака да се забавува со пушач, покажа анкетата спроведена меѓу илјадници сами луѓе.

Некогаш цигарата во уста беше симбол на сексипил, моќ, бунт, но во овие времиња се минато.

Секоја втора жена не сака да се забавува со пушач, покажа анкетата спроведена меѓу илјадници сами луѓе, меѓу кои имало 57 проценти непушачи, 24 проценти пушачи и 19 проценти корисници на електронски цигари.

Дури 70 отсто од жените изјавиле дека ги одбива чадот од цигарите, а 56 отсто рекле дека не би се забавувале со пушач.

Припадниците на посилниот пол се малку потолерантни, па 46 отсто од мажите истакнуваат дека не би се забавувале со жена која пуши, додека 65 отсто сметаат дека пушењето е непривлечно.

На прашањето зошто не би се забавувале со пушач, најголем број испитаници – 91 процент – го истакнале непријатниот мирис на цигарите. За нив, 75 проценти, причината е стравот од пасивно пушење на кое би биле изложени. Пушачите изгледа се свесни за тоа и 40 отсто од нив на апликациите за запознавање не откриваат дека уживаат во цигарите.

Повеќето испитаници, исто така, рекле дека корисниците на електронски цигари биле непривлечни, меѓу нив 55 проценти жени и 44 проценти мажи.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »