Првиот високотехнолошки мобилен подводен млазен погон(фото) - Македонија Денес

Првиот високотехнолошки мобилен подводен млазен погон(фото)

Опомена!!!

Фановите на нуркањето но и голем број истражувачи и научници кои работат на проучување на коралните гребени го добија својот нов “миленик”.

Новиот високотехнолошки мобилен подворен млазен погон или едноставно “X2 Sport”.

Често додека сте нуркале сте забележале нешто ново или интересно позади себе но не сте можеле да се вратите и да го истражите пред да ви истече кислородот кој може да се складира во вашите бели дробови.

Најчесто решение до сега беше професионалната опрема за нуркање. Но таа на некој начин ве изолираше од целокупното доживување, но тоа е минато благодарение на првиот подворен млазен погон во светот.

X2 Sport е погоден за носење каде и да сте, се состои од три дела. Батеријата која ја ставате како школски ранец на вашиот грб и двата мотори кои ги поставувате на вашите зглобови од рацете. Контролите ви се продолжеток од моторите па можностите се бесконечни.

Овој вид на подвовен високотехнолошки мобилен млазен погон е идеален за адреналинските спортови во подводниот свет, овозможувајќи ви да го истражувате морето или океанот со моќта и благодетта на делфин.

Самата иновација нема за цел да ве изолира од директниот допир со околината, но ви штеди на време и она што е најбитно, на кислород. X2 Sport може да ве однесе подлабоко и подалеку од кога било досега.

Концептот е прилично едноставен. Моторите кои работат на принципот хидра потиснувачи ви овозможуваат да се движите во водата побрзо од олимписки пливач. X2 Sport едноставно помага во сегментот на намалување на напорот при нуркање, заштедувајќи го вашиот скапоцен кислород а со тоа овозможувајќи подолготрајно нуркање.


“Ние го дизајниравме X2 Sport за нуркачи, пливачи и ентузијасти во екстремни спротови. Всушност за секој што сака да биде во вода. Водењето низ водата сега е значително побрзо, се што треба да направите е да ги насочите вашите раце каде што сакате да одите. Двата мотори од X2 Sport ќе ве водат на подводно уживање каде досегашното трошење енергија за пливање ќе може да го искористите за разгледување и уживање во подводниот свет. Самиот дизајн ви овозможува слободно да се вртите и превртувате, а се останато е препуштено на вашата фантазија. Иако најдобриот дел е што вашите раце се комплетно слободни па меѓу другото ќе можи и слободно да фотографирате.”


Според иноваторот брзината ја контролирата со палката за брзина кој е дел од самиот уред кој е на вашата рака па нема потреба од загриженост што ќе се случи ако ја испуштите бидејќи едноставно е неможно да ја загубите. Ова е уред за оние кои сакаат лежерно да уживаат во нуркањето ни и за оние кои сакаат да го искусат “подводниот живот” во целосна реалност.

С.Н

 

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »