Првата жена фармацевт во Отоманска Турција била битолчанка - Македонија Денес

Првата жена фармацевт во Отоманска Турција била битолчанка

Опомена!!!

Рајна Алексова [1882 – 1959] година била како и секое друго битолсло чупе кое низ детските игри ги мерело битолските сокаци. И се би било обична приказна од секојдневието на градот под Баба планина ако Рајна не направеше пионерски чекор кон професионализацијата на професијата која до тогаш беше стриктно машка.

Рајна

По завршувањето на основно школо Рајна побарала од домашните да го продолжи своето образование во Солун, каде и завршила општа Гимназија. Имено најмалку и било важно каде ќе го продолжи средното образование колку да е подалеку од домашните како на сите им било јасно дека Рајна на овој или оној начин ќе се обиде да го оствари својот сон.

По Солун се запишува на Фармацевтскиот факултет во Лозана, Швајцарија. Беа тоа времиња кога Отоманска Турција имала одлични дипломатски односи со цел свет. На 17 јули 1906 година Рајна Алексова станала првиот дипломиран фармацевт жена во Османлиското царство каде сеуште владееле чудните толкувања на муслиманските закони дека “жена не смее да обавува аптекарска професија.”

Рајна

Имајќи едноставна желба, дотолку и скромна, само да отвори сопствена аптека, во чекање на одобрение од турските власти, кои морале да го испратат чудното барање дури за Цариград, Рајна се вработила како милосрдна сестра во државната болница во Ќустендил, денешна Бугарија. По препорака од колективот со оценки за голема професионалност и посветеност во работата но и научни достигнувања лично советникот за здравје на Султанот пратил ферман, со кој во 1907 година ја прераспределил како квалитетен кадар во т.н. бугарска Црква “Евл. Георги” во Цариград.

Она што колегите го сметале за професионален успех и реализација било поразителен факт и реалност за Алексова, која веќе следната 1908 година ја напушта работата во Цариград и заминува да работи како учителка во женската гимназија во Едрене.

Рајна

Упорноста на Рајна скоро секојдневно да праќа дописи до Цариград на крај по многуте аргументи на нејзина страна и лаичките толкувања на Куранот од Османлиите од другата страна довело до издавање специјална дозвола за работа како аптекар на име Рајна Алексова, жена од Битола.

Истата 1909 година, Алексова започнува да работи во Битола во аптеката на својот брат, Ристо Алексов, по професија трговец. Го поминала времето и на младотурската револуција но и првата светска војна па некаде во средината понудила пари и си ја откупила аптеката од сопствениот брат.

Рајна

Алексова во својата аптека работела мудро, знаејќи дека менталитетот на населението по природен пат покажува отпор кон жена во нејзината професија, па повикала репрезентативни лекарски имиња како Александар Дума, Илија Аждари и Анастас Христиди да ординираат и препишуваат лекови во нејзината аптека, што дефинитивно била најдобрата реклама.

Рајна Алексова во сопствената аптека лоцирана на самата главна улица во Битола “Широк сокак”,работела се до 1944 година кога и се пензионирала. Починала од како е наведено, насилна смрт во 1959 година.

“Битола, бабам, Битола” воопшто не е метафора, туку порака

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »