Прочистете го домот од негативна енергија, и вратете ја хармонијата во него! - Македонија Денес

Прочистете го домот од негативна енергија, и вратете ја хармонијата во него!

Опомена!!!

Според фенг шуи, кората од портокал е одличен начин да го исчистите вашиот дом од негативна енергија и да ја вратите хармонијата на него. Единственото нешто што ќе ви биде потребно за овој ритуал се: три свежи портокали, вода, стаклен сад и свежо цвеќе.

Постапка:
1. Излупете ги портокалите, земете ја кората а плодовите оставете ги за јадење. Поделете ја кората на секој портокал на 9 парчиња. Ставете ги во чинија и прелијте ги со жешка вода.
2. Потоа, повторувајте ја следнава позитивна афирмација: “Со оваа церемонија си оди целата негативна енергија, а ја заменува позитивната“.
3. Ставете ја чинијата на влезот доколку сакате да го исчистите целиот дом. Испрскајте ја цела куќа со таа вода и повторувајте ја својата одбрана мантра и позитивна афирмација. Поминете низ сите простории во вашиот дом и не ги пропуштајте орманите.
4. Водата и корите фрлете ги, а портокалите може да ги изедете.
5. По ова Фенг шуи чистење, отворете ги прозорите и вратите како би го исполниле својот дом со свежа енергија.
6. Поставете свежо цвеќе во централниот дел од собата или домот. Во наредните девет дена три пати заменете ги цвеќињата. Нека тоа биде на секои три дена, а последниот букет нека остане додека не овене.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »