Познатите светски ѕвезди имаат свои омилени клубови- Занете ли кој за кого навива? - Македонија Денес

Познатите светски ѕвезди имаат свои омилени клубови- Занете ли кој за кого навива?

Опомена!!!

Светски познатите личности можеби се зафатени околу нивните професии, но тоа не значи дека немаат време за следење на најважната споредна работа на светот- фудбал!

Светски познатите личности имаат и свои омилени клубови, но дали знаете кој за кого навива? Во продолжение погледнете го одговорот на тоа прашање:

Арсенал: За лондонскиот клуб навиваат доста познати светски личности од повеќе сфери. Раперот Џеј Зи, Бијонсе, Формула 1 возачот Луис Хамилтон, кралицата Елизабета и нејзиниот внук принцот Хари, синот на Доналд Трамп…а верувале или не, поддршка Топџиите имале и од Фидел Кастро, како и од веќе починатиот најпознат терорист Осама Бин Ладен!

Манчестер Јунајтед– Црвените Ѓаволи имаат поддршка од поп ѕвездите како што се Ријана, Џастин Тимберлејк, Мајли Сајрус, спринтерот Усеин Болт, актерката Меган Фокс како и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун.

Ливерпул-Клубот од градот на Битлси го поддржуваат раперот Снуп Дог, актерите Кевин Костнер, Даниел Крег, Самјуел Ел. Џексон, Бред Пит, кошаркарот Леброн Џејмс, скијачката Линдзи Вон, Лана дел Реј, а најголема обожавателка на клубот е Мелани Си од групата Спајс Грлс.

Челзи– Вториот лондонски клуб, оној од синиот дел, го поддржуваат легендарниот боксер Мајк Тајсон, актерките Ема Вотсон, Кејт Хадсон и Шарлиз Терон, актерите Вил Фарел, Ед Вествик и Ричард Гир. Исто така има фанови и во музичката индустрија- Ели Голдинг, Ед Ширан и Дејмон од Горилаз. За Челзи навива и светски познатиот готвач Гордон Ремзи.

Баерн Минхен-Поддржувачи на германскиот клуб се: славниот боксер Владимир Кличко, поранешните тенисери Борис Бекер и Штефи Граф и Формула 1 возачот Нико Розберг.

Барселона-Каталонскиот клуб како свои поддржувачи ги има кошаркарите Тони Паркер и Коби Брајант, топ моделот Бар Рафаели, најбогатиот човек на светот Бил Гејтс, пејачката Шакира, поп ѕвездата Џастин Бибер како и поранешниот кошаркар Меџик Џонсон.

Реал Мадрид-Кралскиот клуб го поддржуваат актерите Том Круз, Зак Ефрон и Расел Кроу, пејачката Џенифер Лопез, поранешниот американски претседател Барак Обама, тенисерот Рафаел Надал, Формула 1 возачот Фернандо Алонсо, актерката Џесика Алба и Лиам Галагер.

Каков е стилот на фудбалерите на Франција- Париз ги спојува, но со модата се „скарани“ (галерија)

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »